Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize

Започна асфалтирањето на првата улица во новата населба „Пролет“.  Се асфалтираат 262 метри од улица „1“ која води од старата зграда на Општина Делчево покрај река Габровчица и на која ќе бидат поставени и рабници. Вредноста на работите изнесува 2.375.340 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска направи увид во работите на улицата при што истакна дека овој проект е од големо значење, бидејќи станува збор за решавање на основна инфраструктурна потреба во најмладата населба во Делчево, каде секојдневно никнуваат нови станбени објекти.

DSC 0043_resize

- Овој инфраструктурен проект е од големо значење за жителите кои живеат во оваа населба која е доста атрактивна и е во близина на централното градско подрачје. Решавањето на инфраструктурата ќе ја зголеми атрактивноста на населбата и ќе придонесе за подобар урбан изглед на овој дел од градот во чија близина е и Здравствениот дом и старата собраниска зграда и ќе ги мотивира сопствениците на градежни парцели да инвестираат овде во оваа населба. Изградбата на останатите улици во „Пролет“ ќе се решава парцијално, наредниот период, а паралелно ќе се решава и експропријацијата, рече Трајковски.

Инаку, претходно на улицата е изградена атмосферска и фекална канализација во должина од 300 метри.

DSC 0016_resize

Share/Save/Bookmark