Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

столарија1 столарија1.1

Деновиве започна реконструкцијата на старата училишна зграда во подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во селото Стамер. Во првата фаза од реконструкцијата е опфатена  промена на дотраената столарија, по што во наредниот пат ќе се интервенира и на останатите критични делови од старата зграда.

Директорот на ООУ „Св.Климент Охридски“, Горан Димитровски, истакна дека оваа инвестиција е обезбедена од сопствени средства од училиштето и е согласно со годишната програма.

-Промената на старите прозорци беше неопходна, бидејќи прозорците беа дотраени и се губеше многу топлинска енергија. Вакви интервенции ќе преземеме и на останатите згради од подрачните училишта, рече Димитровски.

Согласно со годишната програма, предвидена е промена на столаријата, интервенции на кровните конструкции и подот во училниците, а  ќе се интервенира и во училишните згради во селата Град, Вирче, Разловци, Тработивиште.

Share/Save/Bookmark