Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Околу триесет милиони денари, средства  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој доби Општина Делчево од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој за реализација на два големи инфраструктурни проекти во населбата Басарица.

 Станува збор за проектот аплициран по мерката 322 за инвестиции за изградба или реконструкција на улици во руралните средства, односно за изградба на 6 улици во населбата Басарица во должина од 1 км. Согласно со проектот во Басарица ќе се градат улиците: „Св.Троица, „Киселичка“, „Бигланска“,„Драмечка“, „Басаричка“, „Селничка“со вкупна вредност на проектот 21.875.883 денари.

Вториот проект аплициран по мерката 321 се однесува на изградба на 4 крака на канализациски системи во населбата Басарица и Полето во должина од 2000 метри. Вкупната вредност на овој проект е 8.617.891 денари. За двата проекти учеството на Општината е 18 %, односно вредноста на ДДВ е на товар на Општина Делчево.

Тендерот за реализација на инфраструктурните проекти во населбата Басарица ќе биде објавен во месец јуни, додека градежните работи се очекува да започнат во август.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, по денешното одобрување на проектите од АФПЗРР истакна дека со овие проекти, конечно, населбата Басарица која е две децении урбанизирана, ќе ги добие првите асфалтирани улици.

-Сведоци сме дека долго време жителите на оваа населба газеа кал и живееја во прашина. Затоа беше неопходен овој проект со кој конечно, оваа населба ќе наликува на една урбана средина. Како градоначалник кој сака да ги решава проблемите, заедно со мојот тим ја изработивме првата техничка документација за изградба на улици во населбата, а сега ќе градиме и 6 улици во населбата, како и канализациска линија која поминува низ дел од населбата Басарица. Во следниот период ќе се прават напори, за комплетно заокружување на инфраструктурните проблеми во населбата, рече Трајковски.

Во очекување е и одобрувањето на проектот за изградба на градски зелен пазар во Делчево

Share/Save/Bookmark