Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

1111

Со пригодна свеченост, доделување на наградите на највредните читатели и на најдобрите млади автори, делчевската Јавна библиотека го одбележа Светскиот ден на книгата 23 Април.

Директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровски, истакна дека делчевската библиотека традиционално со низа активности посебно насочени кон младите и нивната мотивација за творење го одбележува овој ден.

-Светскиот ден на книгата епосветен за промовирање на навиките за читање, објавување и авторски права. Следејќи ги овие цели, а по повод Светскиот ден на книгата нашата библиотека организираше награден Конкурс за литературни творби, творени во поезија и проза, а годинава младите автори твореа на тема„Книгата мојата душа“. До нас под шифрирани имиња стигнаа доста творби со кои се докажа љубовта на младите кон пишаниот збор, нивната богата мисла и вреден збор напишан на хартија кој го заслужуваше нашето внимание, рече Петровска.

2222

Наградите за поетски творби ги добија:  Прво место за Андреа Златковска, ООУ Св.Климент Охридски, второ за Софија Васева, ООУ „Св.Климент Охридски“, трето место Искра Ѓорѓиевска, ООУ „Ванчо Прке“. За прозните дела по Кинкурсот награди добија: прво место за Емануела Новоселска, ООУ „Ванчо Прке“, второ за Кристијан Димитровски, ООУ „Ванчо Прке“и трето за Магдалена Ѓорѓиевска, ООУ „Ванчо Прке“.

Инаку, по повод Светскиот ден на книгата, делчевската библиотека ги награди и најверните читатели. Наградите отидоа кај Бојана Трајковска за најмлад и најредовен читател, како и Гордана Багевска и Лимонка Арсовска за возрасни читатели.

 УНЕСКО го запишува овој ден,23 Април, за светски ден на книгата и авторското право и се одбележува од 1995. На овој ден во 1616 година починале двајца великани на книжевноста - Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

3333

Share/Save/Bookmark