Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

goce filharmonija

По повод одбележувањето на 116 -годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев и патрон на градот Делчево, на 4 мај во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на гудачкиот оркестар од Скопје и Софија „Гоце 116“ под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, а во организација на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“.

Концертот е во режија на Илија Каров, а ќе настапат Гонца Богоромова-Краповски, Десислава Тодорова, Марин Бабиќ, Христо Христов, квартет труби и гудачкиот оркестар од Софија и Скопје.

Концертот ќе се одржи на 4 мај со почеток во 19,00 ч во камерната сала при Филхармонијата во Скопје.

Претходно во Делчево пред споменикот на Делчев ќе се одржи пригодна свеченост.

Share/Save/Bookmark