Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

dvorovi

Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, Општина Делчево ќе избира најубаво уреден двор. Водејќи се од мотото дека секој индивидуалец или институција и фирма кои со својот труд и креација за уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево, Општина Делчево објавува Конкурс за избор на најубаво уреден двор во Делчево.

Целта на оваа акција е сите заедно да придонесеме за поубаво Делчево, но и како Општина сакаме да ги наградиме граѓаните и фирмите за својата улога во разубавувањето на градот, а од друга страна и да ги мотивираме сите граѓани на Делчево да дадат свој придонес за негово разубавување.

На Јавниот конкурс кој ќе биде објавен на 6 мај (понеделник) на веб-страницата на Општина Делчево и на локалните медиуми, ќе можат да се пријават сите граѓани кои ценат дека нивното дворно уредување заслужува внимание, но и сите граѓани кои се воодушевуваат на дворот на пријател или сосед, да го пријават за да учествува на изборот за најубаво уреден двор во Делчево. Конкурсот ќе биде отворен до 1 јули, период кој сметаме дека е доволен за заинтересираните граѓани да ги направат потребните подготовки и да ги уредат дворовите. Комисијата формирана од стручни лица ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини.

За сопствениците за најдобро уредени дворови, Општина Делчево има обезбедено две награди во категориите:
1. Индивидуално домување,
2. Колективно домување и правни лица.

Share/Save/Bookmark