Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

sovet sednica

На 22. Седница, Советот на Општина Делчево ја усвои Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка на општините од Источниот и Североисточниот регион за основање меѓуопштинско јавно прeтпријатие за управување со отпад.

Како што истакна секретарот на Општина Делчево, Владимир Мерзликин, со оваа Одлука продолжува дореализацијата на деценискиот процес за отворање современа регионална депонија на двата региони.

- Формирањето на јавното претпријатие, значи дека тоа ќе биде краен корисник на проектот што е и предуслов за искористување на грант-средствата со што се отвора процесот за формирање на регионалната депонија во Мечкуевци, Општина Свети Николе. Согласно со законските одредби, општините го усвојуваат Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка поднесен од градоначалникот на Општина Куманово, а усвоен од Советот на Општина Куманово, како најголема општина во двата региони, а водено и иницијатор за отпочнување на меѓуопштинската соработка која е доставена на усвојување до сите 17 општини од двата региони, истакна Мерзликин.

Процесот го координира Министерството за животна средина и просторно планирање сѐ до конечното воспоставување на системот за интегрирано управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион и Општина Свети Николе, а кој ќе биде финансиран од ИПА 2 од Секторската оперативна програма за животна средина за програмскиот период 2014-2020 г.

На Седницата беа разгледани и усвоени годишниот извештај и програмата за работа на Центарот за развој на Источно-планскиот регион за 2018 година, беше донесена Одлука за давање согласност на Извештајот за работа на ЈПКД „Брегалница“ за 2018 година, како и Годишната сметка на ЈПКД „Брегалница“за 2018 година. Пред советниците се најде и Годишната програма за работата на Општинскиот совет за безбедноста на сообраќајот на патиштата Делчево, Одлуката за определување тарифа за обележување, опремување и користење на автотакси- станиците, Одлука за изменување и дополнување на одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево. Исто така, беа донесени и повеќе одлуки од областа на урбанизмот.

Share/Save/Bookmark