Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

skejt1

Се подготвува уште еден парк во центарот на градот зад новата црква „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Согласно со проектот, новиот парк ќе опфаќа површина од 2000м2, а планирано е комплетно хортикултурно уредување на просторот при што ќе се засее нова тревна површина, цветни аранжмани, засадување декоративни дрва, поставување урбана опрема и изведба на патеки од бехатон.Исто така, на планираниот простор е предвидена изградба на инфраструктура за скејт-борд, со што Делчево одговора на барањата на младите.

Изградбата на новиот парк е во рамките на Годишната програма на ЈПКД „Брегалница“ и на иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски, а работите за уредување на просторот ќе започнат околу средината на месец мај.

Со ова хортикултурно доуредување на просторот заедно со изградбата на фасадата на новата црква, овој дел од централното градско подрачје во Делчево ќе добие комплетен изглед и атрактивна целина за граѓаните и гостите кои го посетуваат.

skejt2

Share/Save/Bookmark