Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0003_resize DSC 0041_resize

Со пригодна свеченост, денеска Делчево одбележа 74 години од победата над фашизмот и 69 години од Денот на Европа.

 По тој повод, пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, членовите на КУД „Гоце Делчев“ одржаа пригоден реферат за НОБ во Македонија и победата над фашизмот, како и реферат за 9 Мај, датум кога Европа го одбележува својот ден како европски симбол.

DSC 0011_resize

DSC 0013_resize DSC 0015_resize

Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево  делегација од Советот на Општина Делчево предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.

Датумот 9 мај е поврзан со два клучни настани во светската историја. Во 1950 година на овој ден, Роберт Шуман го презентирал предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на разурнатиот и поделениот континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што денеска го знаеме како Европска Унија.

Додека на 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Пијанец во Втората светска војна во борбата против фашизмот дало стотина жртви. Во нивна чест во центарот на Делчево е подигнат монументален споменик на кој се испишани нивните имиња, како и пораката „Сонцељубиви, зар без вас ќе бевме она што сме, не смрт без слобода, не без Македонија“.

DSC 0018_resize DSC 0021_resize

Share/Save/Bookmark