Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0006_resize

По повод Европската недела на имунизацијата денеска во Делчево беа доделени 10 хуманитарни пакети на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче, а беше доделен и пропаганден материјал за значењето на имунизацијата. Акцијата беше во организација на НВО КХАМ и Општина Делчево, а со поддршка на Здравствениот дом во Делчево.

Градоначалникот Горан Трајковски кој посети дел од семејствата истакна дека Неделата на имунизација е одличен повод да се сврти вниманието на јавноста, пред сѐ на родителите за значењето на вакцините.

- Денеска кога државата се соочува со активна епидемија на морбили и кога има гласни ставови контра вакцините, што според мене е рецидив од недоверба за квалитетот на вакцините од претходниот период, јас ќе ја искористам оваа прилика и ќе апелирам до родителите: вакцинирајте ги вашите деца не ги оставајте незаштитени да чекорат по светот! Во соработка со НВО КХАМ, Општина Делчево секоја година дава свој придонес во одбележувањето на Неделата на имунизација, така што и оваа година со пакети и промотивен материјал ќе ги посетиме семејствата што имаат новороденче за да го истакнеме значењето на вакцините, рече Трајковски.

DSC 0011_resize

Акцијата по повод Европската неделата на имунизацијата се спроведува 10 години, а целта е  да се излезе на терен, да се проверат картоните за имунизација кај децата до 1 годин, како и да се подигне свеста за важноста од редовната вакцинација.

- Оваа година сакаме да испратиме порака и за здравото мајчинство , важноста на мајките да одат на гинеколог за време на бременоста и по породувањето. КХАМ во Делчево ќе подели 5 пакети хигиенски на ромски семејства, 10 во Пехчево и 23 во Виница. Со исто толку пакети ќе партиципираат и градоначалниците од општините. Покрај економското јакнење имаме за цел и да се подбри комуникацијата помеѓу заедницата, здравствените власти и локалната самоуправа, истакна Зоран Биковски од НВО КХАМ.

Вакцинацијата – една од најуспешните превентивни мерки. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита на населението од заразни болести постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Бројни заразни болести се искоренети во светски рамки, голем број од нив се елиминирани, а голем број на заразни болести се ставени под контрола, при што само во одредени реони во светот се регистрираат поединечни случаи. Во Република Македонија, со активна имунизација се започнува кон средината на минатиот век и со текот на времето бројот на болестите кои се превенираат со вакцинација се повеќе се зголемува. Првата вакцинација во Република Македонија е воведена во 1948 година со воведување на вакцинација против туберкулоза.

DSC 0016_resize

Share/Save/Bookmark