Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0017_resize DSC 0019_resize

Во организација на Општина Делчево, НУЦК„Никола Јонков Вапцаров“, а со поддршка на Министерството за култура, во исконскиот амбиент во селото Разловци со богата културно-уметничка програма беше одбележана 143-годишнината од Разловечкото востание.

Во рамките на одбележувањето во спомен-домот „Разловечко востание“ беше отворена изложбата од Ликовната колонија на тема „Разловци на платно“ на која изминатава недела твореа познати делчевски уметници. Со свои импресивни дела во кои оживееја мотиви од импресивното село Разловци се претставија познатите делчевски уметници Петар Атанасов-Пепи и Александар Белогаски, како и младите уметници Ели Енѓовска и Ангела Ефтимова.

DSC 0020_resize

Одбележувањето на годишнината од Разловечкото востание продолжи во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“, каде пред спомен-плочата на поп Стојан, се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, претставници од Советот на Општината, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани. Свештеници од МПЦ од Делчево одржаа панихида во црквата „Св.цар Константин и царица Елена“.

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните се наврати на историските моменти од Востанието истакнувајќи дека Востанието обврзува и поттикнува да работиме и да ја градиме нашата општина и држава.

-143 години од тој 20 мај 1876 година, ние ќе кажеме дека сме горди потомци на Поп Стојан, Димитар Поп-Ѓеоргиев –Беровски, на Цоне Спасов, на храбрите востаници кои сами се организираа, продаваа дел од своите имоти за да купуваат оружје и први се дигнаа против Османлиската Империја одбележувајќи го почетокот на бурниот предилинденски период. Со посебен питет зборувам за овој славен настан, но сакам да зборувам и за сегашноста и за иднината. Годините минуваат, спомените се запишуваат или избледуваат, но мојата цел како градоначалник е да оставам белег, да донесам развој во секое поле и верувам дека овие мои искрени намери се препознаваат и ќе дадат плод, истакна Трајковски

Во рамките на културно-уметничката програма настапија КУД „Гоце Делчев“, ФГ „Н.Ј.Вапцаров“ и пејачката група „Ѓурѓа“, а во рецитаторскиот дел настапија ученици од ООУ „Ванчо Прке“, ученици од ООУ „Свети Климент Охридски“, како и од подрачното училиште во Разловци.

На централната прослава во Разловци му претходеше планинарски марш на кој учество зедоа неколку планинарски друштва од регионот.

DSC 0039_resize

DSC 0057_resize DSC 0059_resize

DSC 0062_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 24 Јуни 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-06-24-11-32-33 Општина Делчево денеска ги објави двата тендери со кои ќе се бараат најповолни понудувачи за реализацијата на двата капитални инфраструктурни проекти во населбата Басарица и село Полето. По јавната...
Објавено на 21 Јуни 2019, 09.25 од Д.Чапевски
--------2018 На 16 лица ангажирани преку Програмата Општинско корисна работа за 2018 година, денеска во Делчево им беа доделени потврди за учество и сертификати за успешно завршена обука за образовни и лични...
Објавено на 20 Јуни 2019, 10.48 од Д.Чапевски
2019-06-20-09-51-54 Општина Делчево ги доби Решенијата од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со кои се одобрува финансиска поддршка за реализација на два капитални проекти во населбите...
Објавено на 12 Јуни 2019, 13.52 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-53-36 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ денеска го одржа вториот состанок на кој беа потврдени досегашните активности, но и беа дефинирани  идните чекори кои остануваат...
Објавено на 12 Јуни 2019, 13.44 од Д.Чапевски
2019-06-12-12-47-26 Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работеа на санирање и уредување на детското игралиште во населбата Милково Брдо. На овој терен се поставуваше нова заштитна ограда,се поправаа реквизитите...
Објавено на 07 Јуни 2019, 13.46 од Д.Чапевски
sovet   На 24 Седница на Советот на Општина Делчево, делчевските советници едногласно ја поддржаа Одлуката за кофинансирање на Општина Делчево во проектот за изградба на капела во Делчево во висина од...
Објавено на 07 Јуни 2019, 12.35 од Д.Чапевски
2019-06-07-11-38-06  Заврши асфалтирањето на дел од  улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Денеска изведувачот СД Транс ги асфалтираше планираните 190 метри, каде претходно беше поставена атмосферска...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.15 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-16-12  Општина Делчево ги известува сите правни и физички лица од Општината кои не го платиле долгот за данок на имот и комунална такса за истакната фирма, тоа да го направат најдоцна до 15.06.2019, во...
Објавено на 07 Јуни 2019, 11.04 од Д.Чапевски
2019-06-07-10-06-27 Во Делчево 148 деветтооделенци годинава го завршуваат основното образование. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ деветто одделение завршуваат 15 ученици, а во ООУ „Ванчо Прке“ 73. Традиционално, крајот на...
Објавено на 07 Јуни 2019, 08.51 од Д.Чапевски
2019-06-07-07-53-36 Улицата во центарот на градот која ја поврзува зградата на ТППЕ Делчево, ООУ „Ванчо Прке“ со централната сообраќајница „Никола Јонков Вапцаров“ доби асфалт. Изведувачот СД-Транс ја заврши изградбата на...
Објавено на 06 Јуни 2019, 13.20 од Д.Чапевски
2019-06-06-12-22-08 Сокриени во густа борова шума, далеку од очите на секојдневието, некаде меѓу легендата и раката на уметникот со име природа, ги поминуваат деновите во овој нов век, скаменетите сватови. Збиени еден до...
Објавено на 06 Јуни 2019, 08.04 од Д.Чапевски
2019-06-06-07-06-05 ЈПКД „Брегалница“ од Делчево доби донација од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија за набавка на машина за чистење на канализационата мрежа. Вредноста на донацијата...
Објавено на 06 Јуни 2019, 07.36 од Д.Чапевски
2019-06-06-06-38-41  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, деновиве престојува на Форумот на градови и региони „Инвестирање во Западен балкан-Инвестирање во Европа“ што се одржува во Жежов-Полска од 4...
Објавено на 05 Јуни 2019, 09.02 од Д.Чапевски
2019-06-05-08-04-51 Општина Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ продолжува со уредување на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога. Во моментов се работи на изградба на тротоарите пред станбениот...
Објавено на 31 Мај 2019, 13.40 од Д.Чапевски
----24------- 24. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 07.06.2019 година (петок) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 31 Мај 2019, 10.43 од Д.Чапевски
2019-05-31-09-47-57 Интензивно се работи на изградбата на првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево. Од денеска се поставува челичната конструкција во должината од 60 метри, распонот е од 42 метри, а ширината на...
Објавено на 31 Мај 2019, 08.47 од Д.Чапевски
2019-05-31-07-48-24 Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, во Општина Делчево во тек е пријавувањето за избор на најубаво уреден двор. Досега...
Објавено на 30 Мај 2019, 10.05 од Д.Чапевски
2019-05-30-09-07-05 Се поставува атмосферска канализација на улица „Григор Прличев“ во населбата Милкови Брдо со што се решава уште еден голем проблем за жителите од оваа улица. Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве...
Објавено на 29 Мај 2019, 10.54 од Д.Чапевски
2019-05-29-09-56-46 По скоро две децении во Делчево се чистат резервоарите за вода. Со цел подобрување на квалитетот на водата за пиење, ЈПКД „Брегалница“ , покрај редовното чистење и перење на примарната и на секундарно...
Објавено на 27 Мај 2019, 09.12 од Д.Чапевски
2019-05-27-08-15-53 Во тек е реконструкцијата на старата водоводна линија на ул. „Григор Прличев“ во населбата Милково Брдо. Старата и дотарена водоводна инсталација на оваа улица изградена од поцинковани цевки, каде се...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес948
mod_vvisit_counterВчера1436
mod_vvisit_counterОваа недела2384
mod_vvisit_counterПретходна недела14758
mod_vvisit_counterОвој месец58131
mod_vvisit_counterПретходен месец71910
mod_vvisit_counterВкупно2765568

Присутни online: 19
Ваша IP: 52.87.176.39
,
Денес: Јун 25, 2019