Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0007_resize

DSC 0017_resize DSC 0024_resize

По период од скоро две децении делчевските пожарникари добија нова заштита опрема. Опремата денеска им ја донираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во рамките на одбележувањето на Денот на пожарникарите, 20 Мај.

Градоначалникот Трајковски изрази задоволство од професионалноста на пожарникарите, бидејќи делчевските пожарникари се пример во регионот по нивната експедитивност, ефикасност и пожртвуваност

-Како градоначалник, мој приоритет е да ја подобрам опременоста на единицата. Денеска со задоволство, на пожарникарите им доделувам комплетно нова опрема која ќе служи за нивна лична професионална заштита. Опремата е набавена изминатиов период во соработка со Бригадата на град Скопје и делчевски фирми. Пожарникарите по подолг период добиваат нова опрема што значи дека на нивната професионалност додаваме битен елемент за нивната лична заштита. Претходниот период работевме и на осовременување на условите за престој на пожарникарите и да ги подобриме капацитетите. Сепак, како приоритет и моја основна заложба за наредниот период е набавката на нови возила, истакна Трајковски.

DSC 0028_resize

Одбележувањето на Денот на пожарникарите во ТППЕ Делчево започна со церемонијалниот дел, односно со традиционална смотра на пожарникарите и рапорт.

По повод денот на пожарникарите, а по предлог на пожарникарите од ТППЕ Делчево, за најдобар пожарникар во Делчево беше прогласен Ванчо Постоловски, кој е и актуелен командир на Единицата.

Комнадирот Постоловски се заблагодари на довербата од неговите колеги и истакна дека ова признание е заедничко признание на сите делчевски пожарникари.

-Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на градоначалникот Трајковски за неговата несебична поддршка на пожарникарите и за неговите заложби пожарникарите од ТППЕ  Делчево да добијат нова професионална заштитна опрема што многу ќе придонесе во лична заштита при справувањето со огнената стихија, рече Постоловски.

Денот на пожарникарите 20 Мај е ден на пожарникарството во Република Македонија. На овој ден во 1836 година во Битола е формиран првиот противпожарен одред. Во светски рамки денот на пожарникарите се слави на 4 мај во сеќавање на пожарникарите кои го изгубиле животот во борба со огнот.

Пожарникарството во Делчево испишува историја од 7- децениско функционирање. Првато доброволно противпожарно друштво е формирано од делчевецот Илија Дамјанов Крстевски во 50-тите години, по што е формирана првата единица на чело со командирот Никола Димитровски.

DSC 0026_resize

DSC 0030_resize

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 13 Ноември 2019, 14.48 од Д.Чапевски
-31- 31. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.11.2019 година (среда) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-13-13-39-50 Со низа активности предвидени во проектот „Интернет суперхерои“, Делчево се вклучува во борбата со лажните вести и дава свој придонес во медиумската писменост во рамките на Деновите на медиумската...
Објавено на 11 Ноември 2019, 12.38 од Д.Чапевски
2019-11-11-11-39-53 Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.46 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-47-51 Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставници од месните и урбаните заедници, претставници од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира „Форум за општински Буџет“ на...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-37-50  Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе...
Објавено на 11 Ноември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-11-11-08-01-42 Разговор помеѓу две индивидуи со различни идеи и ставови за уметноста се спојуваат во една заедничка сликовита целина којашто доминира во просторот и со специфично осветлување и рефлексија ја креираат...
Објавено на 08 Ноември 2019, 14.25 од Д.Чапевски
2019-11-08-13-27-44  Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2...
Објавено на 08 Ноември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-11-08-11-35-11 Согласно со препораките на Владата, од денеска во Општина Делчево се воспоставени дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај...
Објавено на 08 Ноември 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-11-08-10-13-53 ЛАГ Малеш – Пијанец  започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во трите општини Делчево Берово и Пехчево. Како еден од ...
Објавено на 07 Ноември 2019, 15.11 од Д.Чапевски
2019-11-07-14-24-15 Во централното градско подрачје, Делчево доби нова улица. Денеска се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во...
Објавено на 07 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-07-13-07-42   Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски,  ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да...
Објавено на 06 Ноември 2019, 13.28 од Д.Чапевски
2019-11-06-12-32-50  Со поставувањето нов асфалт, заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ја асфалтираа улицата која е во должина од 50...
Објавено на 06 Ноември 2019, 08.24 од Д.Чапевски
2019-11-06-07-25-17 Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух,...
Објавено на 04 Ноември 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-11-04-11-08-00 Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020. Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година,...
Објавено на 01 Ноември 2019, 12.09 од Д.Чапевски
2019-11-01-12-35-41  Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем,...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.36 од Д.Чапевски
-022019- РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈАОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1926/1131/10/2019 година ДЕЛЧЕВО            Врз основа на член 52 став 1 и став 2 од Законот за...
Објавено на 31 Октомври 2019, 08.18 од Д.Чапевски
2019-10-31-07-21-20  Од Црвената полумесечина на градот Измир, Турција, преку Здружението Македонско-турско пријателство од Измир, во Делчево пристигна донација наменета за ученици кои живеат во социјален ризик....
Објавено на 30 Октомври 2019, 10.06 од Д.Чапевски
2019-10-30-09-13-10  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска одржа прес-конференција на која зборуваше за реализираните проекти во изминатите 24 месеци од областите: чиста вода за пиење и здрава...
Објавено на 30 Октомври 2019, 08.52 од Д.Чапевски
2019-10-30-07-55-32  Во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево синоќа во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа промоција на новото дело на писателката Билјана Тинтоска. Јавната локална библиотека...
Објавено на 29 Октомври 2019, 08.13 од Д.Чапевски
2019-10-29-07-34-09 Четири капитални проекти се во фаза на реализација, а во моментов во Делчево се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од 120 милиони денари. Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес248
mod_vvisit_counterВчера1735
mod_vvisit_counterОваа недела7803
mod_vvisit_counterПретходна недела16282
mod_vvisit_counterОвој месец29571
mod_vvisit_counterПретходен месец65940
mod_vvisit_counterВкупно3066545

Присутни online: 20
Ваша IP: 34.238.192.150
,
Денес: Ное 15, 2019