Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

 

Советниците од Општина Делчево на денешната 23 Редовна седница расправаа по 28 точки од дневниот ред. Пред советниците денеска се најде и Извештајот на Општина Делчево за вкупниот договорен износ на доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски, според кој во Општина Делчево има доспеани, а неплатени обврски по основ на главен долг во висина од 57.212.540 денари. Овој износ е без пресметани камати и други процесни трошоци. Од страна на Владата на РСМ добиен е износ од 51%, од основниоот долг, односно 29.178.395 денари кои ќе бидат сите исплатени кон доверителите.

Раководителот на Секторот за финансии, Шабан Багашев, пред советниците истакна дека согласно со законските процедури се завршени преговорите со доверителите кои се пријавиле на јавно објавениот повик.

- Преговорите со доверителите се завршени и можеме да конатстираме дека поголем дел од доверителите ги прифатија условите од Законот за финансиска поддршка на ЕЛС. За нас, како задолжена Општина овој износ делумно ќе го олесни финансиското работење. И морам да истакнам дека прв пат една Влада направи конкретни чекори за да се помогне на задолжените општини и да решат дел од долговите. Најголем доверител е ГД „Гранит“ од каде не се откажа од каматите и од останатите процесни трошоци, а главниот долг изнесува 18 милиони денари, плус каматите, истакна Багашев.

Советниците донесоа Одлука за одобрување на договорениот износ за финансирање на доспеани и неплатени обврски.

Исто така пред советниците денеска се најдоа и одлуките за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица, беше донесено решение за номинирање член во заедничката Комисија за подготовка на предлог-акти за конституирање на меѓуопштинско јавно претпријатие за управување со отпад на Источниот и Североисточниот регион, одлука за доделување награди на првенците на генерацијата во сите образовни институции, како и за наградното патување низ Европа на најдобрите 10 матуранти. Советниците донесоа одлуки и за изработка на урбанистичка планска документација (ЛУПД) за к.п.бр.115, к.п.бр.116, к.п.бр 117, к.п. бр.120, к.п. бр.121, дел од к.п. бр.125, кп.бр.122/2, дел од к.п.бр.113/2 дел од к.п.бр.113/1, 1 дел од к.п.бр.114 КО Тработивиште со намена Е3 (некомпатибилна инфраструктура)-изградба на Пречистиелна станица-Општина Делчево; Одлука за изработка на урбанистичка планска документација (ЛУПД) за к.п.бр.118, кп.бр.119 и дел од к.п. бр.129 КО Тработивиште со намена Е2 (комунална супраструктура) поставување на фотоволтаична централа Општина Делчево; -Одлука за дополна на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2019 година со точка 13.1; Одлука за дополна на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2019 година со точка 13.2; Предлог-Одлука за дополна на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2019 година со точка 13.3; Одлука за изработка на урбанистичко планска документација-Проект за изнфраструктура за изградба на пристапен пат до пречистителна станица и до локација на фотоволтаиците во с.Тработивиште-Општина Делчево; План за управување со отпад на Општина Делчево (2019-2023) и Програма за управување со отпад за 2019 година во Општина Делчево.

DSC 0003_resize

Share/Save/Bookmark