Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0022_resize DSC 0025_resize

Во работна посета на Делчево денеска престојуваше амбасадорот на Кралството Холандија, Вилем Ваутер Пломп, а во рамките на кампањата на  ЕУ,  „ЕУ за тебе“по повод  Денот на Европа и ЕУ- патувачки автобус.

Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на која беа потенцирани потенцијалите за развој на Делчево и поддршката од ЕУ-фондовите за решавање на инфраструктурни проблеми на Делчево.

Градоначалникот Трајковски го истакна значењето на поддршката од ЕУ преку најразлични фондови, посебно инструментот за прекугранична соработка како можност нашиот град со партнерска општина од соседната европска држава да реализира капитални проекти кои треба да го подобрат квалитетот на животот во пограничниот регион и да го забрзаат неговиот развој.

DSC 0038_resize

DSC 0043_resize DSC 0044_resize

-Се надевам дека оваа посета на неговата екселенција ќе му овозможи подобро да го запознае Делчево и очекувам оваа убава средба да донесе и идна соработка. Посебно ме радува што Делчево е на агендата на ЕУ во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ и симболичниот патувачки ЕУ-автобус, бидејќи ефектите од една ваква директна промоција на ЕУ се двојни и граѓаните ќе можат директно да ги потенцираат нивните надежи и очекувања од европската иднина на Северна Македонија, но и претставниците од Делегација на ЕУ да се запознаат со Делчево, со нашите граѓани и со животот во ова погранично гратче и плановите за негов развој.

Амбасадорот Пломп потенцираше дека Делчево има големи потенцијали за развој.

-Многу сум задоволен што сум денеска во Делчево , од средбата со градоначалникот Трајковски од прекрасната природа, интересното минато. Мислам дека е преркрасна општина со многу потенцијал,  соживот за пример, економски и социјални потенцијали, но и туристички потенцијали, рече Пломп.

Претходно со средношколците од СОУ „М.М.Брицо“ беше организирана дебатана тема „Визијата на младите за Европската Унија“ за која амбасадорот Пломп истакна дека е воодушевен од дебатата со учениците.

-Имавме дебата со фантастични ученици со кои дебатиравме скоро 2 часа. Дискутиравме за сите прашања за ЕУ за Северна Македонија, за Холандија, за ЛГБТ -заедницата за правни прашања. Тоа се прекрасни ученици во Делчево, потренцираше Пломп.

Амбасадорот во придружба на градоначалникот го посетија и делчевскиот Локален музеј „Пијанец“, како и изложбата во Делчево „Ранохристијански керамички икони“.

Share/Save/Bookmark