Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

24. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 07.06.2019 година (петок) во 14.00 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

 

                За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

                                                                                                                                -Усвојување на Записникот од 23.седница

 

  1. Квартален извештај за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за извештајниот период од 01.01.2019 до 31.03.2019 година со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за отварање на донаторска жиро- сметка;

Образлагач:По точките 1 и 2-Анка Христова-Раководител на Одделението за буџет.

3.Предлог-Одлука за давање согласност на Градоначалникот на Општина Делчево за нарачка на Елаборат за ажурирана геодетска подлога за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) на град Делчево.

Образлагач:Звонко Атанасов-Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности и сообраќај.

4.Предлог-Одлука за поддршка и ко-финасирање на проектот: "Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА“ со ладилник и помошни простории“ во Делчево, општина Делчево во рамки на грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност

Образлагач: Тони Стоименовски-Советник за Локален економски развој.

5.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево;

Образлагач:Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

6.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на ЈКП „Брегалница“-Делчево;

7.Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈПКД „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2019-31.03.2019 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево.

  

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

Број 09-1007/1
31.05.2019 година

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Претседател,
Драган Маневски

Share/Save/Bookmark