Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

КејНаБрегалница1

Општина Делчево во соработка со ЈПКД „Брегалница“ продолжува со уредување на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога. Во моментов се работи на изградба на тротоарите пред станбениот комплекс на ул. „Кеј на Брегалница“. Вкупната должина на тротоарите кои се градат со бехатон плочи изнесува 150 метри, а досега се заврши 120 метри. Изградбата на овие тротоарите ќе придонесе за поголема безбедност за пешаците кои досега избегнувајќи ги калливите тротоарите, се движеа по коловозот, а исто така, новите тротоари ќе придонесат и за поурбан изглед на населбата.

Инвестицијата е на Општина Делчево, а градежните работи ги изведуваат екипи на ЈПКД „Брегалница“.

Согласно со Програмата на ЈПКД „Брегалница“ и на Општина Делчево и во наредниот поериод е планирана изградба на тротоари и притсапни патеки во градското подрачје. 

КејНаБрегалница1.1

Share/Save/Bookmark