Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

полска2 полска3

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, деновиве престојува на Форумот на градови и региони „Инвестирање во Западен балкан-Инвестирање во Европа“ што се одржува во Жежов-Полска од 4 до 6 јуни. Посетата се реализира на покана од полското Министерство за развој и инвестиции.

На форумот учествуваше и министерот за локална самоуправа на РСМ, Сухејл Фазлиу, а   свое обраќање имаше и министерот за развој и инвестиции на Полска, Јержи Квичински.

Целта на овој форум на градови е да се помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација.

Настанот е организиран во рамките на полското претседателство со Берлинскиот процес, во насока на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

Трајковски истакна дека предмет на разговорите се и прашања поврзани со полската развојна помош за локалните власти во Република Северна Македонија, како и можноста за студиска посета во Полска на претставници на македонската локална власт, организирана од полската страна, со цел запознање со полското искуство во оваа област
-Една од темите за која што се разговара е и улогата на макро-регионалните стратегии и другите механизми за меѓурегионална соработка на земјите од регионот. Начинот за инсталирање инструменти и програми за транснационална соработка во рамките на Европската Унија, подобар трансфер на знаење и политики од Европската Унија на земјите и регионите од Западен Балкан, но пред се', како да се поттикнат партнерите од Западен Балкан активно да учествуваат во спроведувањето на макро-регионалните стратегии на Европската Унија, заради нивно приближување кон заедничките цели, рече Трајковски.
полска1
Share/Save/Bookmark