Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

polumaturanti

Во Делчево 148 деветтооделенци годинава го завршуваат основното образование. Во ООУ „Св.Климент Охридски“ деветто одделение завршуваат 15 ученици, а во ООУ „Ванчо Прке“ 73. Традиционално, крајот на основното образование, полуматурантите го одбележуваат со дефиле и  полуматурска прослава. Полуматурантите од „Св.Климент Охридски“ полуматурската вечер ќе ја одбележат во ресторанот „Либеро“, додека полуматурантите од ООУ „Ванчо Прке“ во ресторан „Македонија“. Пред прославата со почеток од  19,15 ч, полуматурантите ќе го имаат своето полуматурско дефиле во центарот на Делчево.

Share/Save/Bookmark