Петок, 07 Јуни 2019 12:35
Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо. Денеска изведувачот СД Транс ги асфалтираше планираните 190 метри, каде претходно беше поставена атмосферска канализација. Вредноста на реконструкцијата на улицата заедно со изградбата на дел од улицата „Никола Јонков Вапцаров“ изнесува околу 3 милиони денари со ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.
Со асфалтирањето на оваа улица се заврши пакетот инфраструктурни проекти најавени претходната година, а со кој беа опфатени изградбата на првата улица во населбата „Пролет“ во должина од 261 метар, дел од улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во должина од 80 метри, и улицата во селото Габрово во должина од 198 метри, како и улицата „македонска“ во должина од 190 метри. Средствата за изградба на улиците се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.