Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

dvor1

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работеа на санирање и уредување на детското игралиште во населбата Милково Брдо. На овој терен се поставуваше нова заштитна ограда,се поправаа реквизитите во игралиштето, се обојуваа со заштитна боја. Исто така, планирано е и санирање на веќе постоечките клупи во летниковецот.

Активностите за уредување на детските , но и спортските игралишта во Делчево ќе продолжат и во наредниот период. Во таа смисла, ЈПКД „Брегалница“ и Општина Делчево апелираат да не се уништува урбаната опрема и да се има поголема свест кон заачувување на општите добра.

dvor2

Share/Save/Bookmark