Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Sovet na_mladi

Советот на млади на Општина Делчево и ова летоќе организира ноќен турнир во баскет кој ќе се одржи кон во втората половина на овој месец. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани екипи да се пријват за учество најдоцна до 15 јули.

Претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски, истакна дека повеќе детали во врска со организацијата на турнирот ќе бидат соопштени наредниве денови.

- По втор пат во Делчево се организира ноќен турнир во баскет. Лани успеавме да анимираме поголем број млади, имавме екипи од целата држава, вредни награди за најдобрите, а верувам дека оваа година, организациски ќе бидеме уште подобри. Нашата цел е да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево во овој летен период, а организацијата на еден ваков турнир го дава сето тоа, дружење, натпреварување и забава за младите, рече Тренчевски.

Заинтересиранит за учество во натпреварувачкиот дел, може да се пријават во архивата на Оптшина Делчево или лично кај претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски на тел. 077/741-294

Share/Save/Bookmark