Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0001_resize

DSC 0006_resize DSC 0011_resize

Увид во функционирањето на медицинската опрема обезбедена од Јапонската амбасада денеска направи амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда и државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев заедно со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски и директорката на Здравствениот дом, д-р Марија Глигоровска.

Официјалната посета на Делчево, амбасадорката Кеико Ханеда ја започна со средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на која се разговараше за актуелните проекти во Општината, локалната економија и соработката со соседна Бугарија. Градоначалникот Трајковски изрази благодарност за пријателството со Јапонија и јапонскиот народ и донациите кои Делчево ги добива преку Програмата за мали грантови на Јапонија со што се овозможуваат поквалитетни услуги за граѓаните.

- Ми претставува посебна чест што денеска Делчево е домаќин на амбасадорката од пријателска Јапонија, г-ѓа Кеико Ханеда. Ова е прв пат, амбасадор од оваа  далечна земја да го посети Делчево што за нас, како релативно мала општина, е посебно значајна, бидејќи имавме можност да оствариме заедничка работна средба со амбасадорката од една светски позната економска сила која е синоним за напредна технологија, ефикасност и прецизност и директно да информираме за перспективите на Делчево, можностите за инвестиции, нашите заложби и актуелни проекти, истакна Трајковски.

Јапонската амбасада преку Програмата за мали грантови досега реализирала три донации кои беа наменети во реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“, во набавка на нов рентген апарат и последната донација во вредност од околу 35.000 евра за набавка на апарат ехокардиограф.

Амбасадорката истакна дека пријателството на делчево со јапонскиот народ ќе продолжи и во иднина.

-Ова е моја прва посета на Делчево и имав можност да разговарам со  градоначалникот Трајковски за убавите релации меѓу Јапонија и Делчево и се договоривме да ја продолжиме и во иднина оваа соработка. Ова не е прва соработка со Општина Делчево и Јапонија и нема да е последна, јапонските народ е среќен да ги види подобрени здравствените услуги за граѓаните на Делчево. Сакам да се заблагодарам на сите граѓани на Делчево за пријателството со јапонскиот народ и со овие проекти ќе се зајакни пријателството и во иднина, рече Ханеда.

Владимир Милошев државен секретар во Министерството за здравство истакна дека Министерството  за здравство ги поддржува ваквите активности на Амбасадата и здравствениот дом.

-Согласно со политиките на Минситерството за здравство работиме на обезбедување кадар за непречено функционирање на ваквата опрема. Во таа насока за 2019 Министерството даде согласност за 16 нови вработувања во Здравтсвениот дом во Делчево и две специјализации, по интерна медицина и неврологија. Свесни сме за проблемите од недостатокот на кадар во малите здравствени домови, но во оваа прилика сакам да истакнам дека во тек се промените во Законот за здравствена заштита со кои ќе обезбедиме специјалистички кадри од поголемите центри да доаѓаат во помалите места кои ги немаат овие дејности, така што пациентите во своето место ќе ги добиваат потребните здравствени услуги, рече Милошев.

Директорката д-р Глигорова го потенцираше значењето од новата медицинска опрема со што се подобрува дијагностиката на кардиоваскуларни заболувања и се подобрува квалитетот во здравствената заштита.

Инаку, амбасадорката Ханеда ја искористи посетата и да ги запознае убавините на Делчево при што ја посети и црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот.

DSC 0030_resize

DSC 0046_resize

 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес579
mod_vvisit_counterВчера2892
mod_vvisit_counterОваа недела14397
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец53278
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3308804

Присутни online: 21
Ваша IP: 3.94.202.172
,
Денес: Фев 22, 2020