Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 kapela super

Делчево доби грант од Министерството за финансии за изградба на градска капела во рамките на  Проектот за подобрување на општинските услуги кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.

Денеска во Министерството, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски го потпиша Договорот за грант во висина од 1,852.635 денари со министерката за финансии Ширет Елези и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели. Вкупниот буџет за реализирање на проектот за изградба на градска капела изнесува 7.364.136 денари од кои општинското кофинансирање е во износ од 5.511.501 денари и МСИП-грантот од 1.852.635 денари.

Градоначалникот Трајковски при потпишување на Договорот истакна дека реализацијата на овој проект ќе донесе значителни придобивки за градот Делчево, бидејќи верските обреди при погребувањето на починатите лица ќе се вршат во придружно – услужниот објект капела – мртовечница со што ќе се надмине досегашната практика, тие да се вршат во домовите на покојниците.

-Со овој проект ќе се овозможи подобрување на санитарно – хигиенските услови и заштита на населението од заразни болести со обезбедување услови за чување на покојниците, ќе се олесни погребалниот чин за семејствата на починатиот и ќе се изврши модернизација на објектите на комуналната инфраструктура кои се добра од јавен интерес. Директни корисници од имплементацијата на овој под-проект се припадниците на семејствата на починатите лица, додека индиректни корисници се сите жители од Општина Делчево, истакна Трајковски.

Проектот предвидува изградба на придружни и услужни објекти на гробишта – капела – мртовечница со ладилник и помошни простории. Планираната локација за изградба се наоѓа северозападно од градежниот реон Делчево во непосредна близина на градските гробишта. Објектот е планиран со максимална висина до 8,5 метри. Во рамки на парцелата предвидени се паркинг места за 16 лесни возила, како и пристап за возилото за носење на ковчегот во мртовечницата и пешачка патека за вработените лица и посетителите, како и парковско зеленило. Објектот мртовечница – капела е предвиден како правоаголен објект со димензии 17,5/12,3 метри и вкупна површина од 190,42м2  со сите придружни простории и комора.

Тендерот за изградба на капелата е во фаза на подготовка, а согласно со техничката документација градежните работи треба да заврши за 3 месеци, односно до завршување на МСИП- проектот до 31 март 2020 година.

капела1 3

капела1 1

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2275
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2275
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50840
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952116

Присутни online: 40
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019