Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 21.08.2019 година се објавува:

 

Ј А В Е Н  П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа за проект “Подадена рака”

 

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Подадена рака” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

 

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

- Роми - корисници на Гарантирана Минимална Помош

- Лица со попреченост

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

 

-Едукатор- мотиватор во Дневен центар за лица со посебни потреби – 1 (еден) извршител;

Потребни квалификации – ССП, комуникативни вештини, емпатичност, тработа со компјутери, интернет;

 

- Неговател за грижа на стари лица – 6 (шест) извршители;

Потребни квалификации – Основно образование или ССП, комуникативни вештини

 

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 21.08.2019година до 30.08.2019 година, од 07:30 до 15:30 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Делчево и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Oпштина Делчево кај лицето Наташа Димитровска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево кај лицето Билјана Прачкоска, Центар за социјaлни работи Делчeво кај лицето Душко Михаиловски.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...
Објавено на 10 Септември 2019, 08.02 од Д.Чапевски
2019-09-10-07-06-06 Согласно со Законот за заштита на природата, Министерството за животна средина и просторно планирање ја прогласи за природна реткост -спелеолошкиот објект – Киселичката Пештера која се наоѓа на...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
kitki    Со букети свежо цвеќе и со поклон пред спомен-обележјето што го чува споменот на паднатите борци од НОВ, Делчево денеска ги продолжи активностите за одбележување на двата значајни датуми...
Објавено на 07 Септември 2019, 10.24 од Д.Чапевски
----13----   Делчево денеска живее во знакот на традицијата почитувајќи ја оставштината од минатото и старите добро познати свадбарски обичаи обединети во традиционалната Пијанечко-малепшевска свадба....
Објавено на 06 Септември 2019, 11.33 од Д.Чапевски
-7-8    Со низа активности и во празнична атмосфера, Делчево денеска одбележува 75 години од ослободувањето и  28 години од независноста на Република Северна Македонија.  Во рамките на...
Објавено на 02 Септември 2019, 13.56 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-00-33   Денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес од кој...
Објавено на 27 Август 2019, 15.04 од Д.Чапевски
2019-09-02-13-07-37 Денеска сме во просториите на детската градинка каде беа завршени сите работи околу реконструкцијата на кујната. На мое лично задоволство, на задоволство на сите вработени во градинката, а пред се за...
Објавено на 21 Август 2019, 07.56 од Д.Чапевски
2019-08-21-07-03-15 Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Делчево, Оперативниот план за активни програми и мерки за...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2273
mod_vvisit_counterВчера2458
mod_vvisit_counterОваа недела2273
mod_vvisit_counterПретходна недела16605
mod_vvisit_counterОвој месец50838
mod_vvisit_counterПретходен месец62812
mod_vvisit_counterВкупно2952114

Присутни online: 38
Ваша IP: 3.227.254.12
,
Денес: Сеп 23, 2019