Четврток, 12 Септември 2019 08:49
На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество во акцијата со цел да покажеме поголема свест кон здравата и чиста околина и општествена одговорност кон животната средина и кон чистотата на нашиот град.
Согласно со препораките од Општинскиот инспекторат, за чистење се предвидени следните локации:
Пешачката патека Илин камен во делот од монополот до село Ѕвегор, ул „Индустриска“ од мостот до булевар „Македонија“, ул „Кеј на Брегалница“. Исто така, ќе се чисти дивата депонија кај Габрово и Ралова Чука.
Во акцијата освен граѓани, ќе бидат вклучени и ресурси од ЈПКД „Брегалница“
Акцијата започнува во 8 часот, тргнувањето е од паркингот на Спомен-дом АСНОМ. За учесниците ќе бидат обезбедени ракавици и ќеси за собирање отпад.
Почитувани, ве повикуваме да дадете свој придонес за чисто Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.