Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0041_resize DSC 0049_resize

 Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната самоуправа и на институциите кои делуваат во рамките на Министерството, се во таа насока истакна вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска беше во работна посета на Делчево. Во рамките на посетата министерот Спасовски имаше работна средба со претставници од Полициското одделение од општа надлежност- Делчево и со претставници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток, како и средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Министерот присуствуваше и на Седница на Советот за превенција на која се разговараше за актуелни теми од областа на безбедноста.

Спасовски се освртна и на безбедносната состојба во Делчево која ја оцени како мирна без никакви елементи за нарушување.

-          Безбеднота е основа на сѐ и основа за развојот на економијата на локално ниво и на развојот на целиот регион и државата. Со градоначалникот разговаравме за проектите кои се актуелни и планирани, и кои придонесуваат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а сето тоа е заеднички придонес кон развој на безбедноста. Сакам да изразам поддршка од Владата за Општина Делчево која ќе значи генерално подобрување на животот на граѓаните и на Делчево и на Истокот, бидејќи на регионот му треба силна поддршка. Генерално, имавме успешни средби разговаравме за многу прашање и за проекти кои можат да се теми од интерес и на Советот за превенција и даваме поддршка на сите овие проекти и очекувам дека и соработката ќе биде на повисоко ниво, рече Спасовски.

Градоначалникот Трајковски истакна дека посетата на првиот човек од Министерството е многу значајна за една локална средина, бидејќи долго време ниту еден министер за внатрешни работи не дошол во посета и не остварил работна средба ниту со Локалната самоуправа, ниту со претставници од ПСОН во Делчево и РЦЗГР- Исток,

-Затоа оваа посета на Делчево, како погранична општина, е за нас од големо значење, посебно што министерот изворно ќе се запознае со работата на институциите и со нивната ефикасност, но и со состојбата од безбедносен аспект. Исто така, како градоначалник, сакам да изразам благодарност до Министерството за внатрешни работи, бидејќи од кога е изграден објектот каде е сместена ПС во Делчево, прв пат ќе се реновира со што ќе се подобрат условите за работа на полициските службеници. Моите заложби како градоначалник, а воедно и мојата порака до сите полициски службеници е максимална и беспоштедна борба против криминалот и корупцијата, бидејќи само така може граѓаните да се чувствуваат безбедни, а секако и да се гради довербата во полициските службеници што е од основно значење во едно современо општество, рече Трајковски.

DSC 0093_resize

DSC 0094_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 14 Декември 2019, 10.03 од Д.Чапевски
2019-12-14-09-09-34   Во рамките на акцијата „Чисти ме со ‘Не биди ѓубре’“иницирана од Владата, вработените од Општина Делчево, ЈКП „Брегалница“, претставници од институциите денеска масовно се вклучија во...
Објавено на 13 Декември 2019, 11.15 од Д.Чапевски
-032019-1- Врз основа на член 48 став 4 од Законот за административни службеници(Службен весник на Република Македонија бр.27/2014,199/2014,48/2015,154/2015,5/2016,142/16,142/2016 и 11/2018), како и член 2 од...
Објавено на 13 Декември 2019, 11.06 од Д.Чапевски
2019-12-13-10-14-16 В сабота, 14.12.2019 е работна за вработените од ЕЛС Делчево со што ќе се одработува неработниот ден за администрацијата од 2 јануари 2019 г. Според Одлуката на Владата, сабота, 14 декември, од страна...
Објавено на 13 Декември 2019, 09.07 од Д.Чапевски
2019-12-13-08-09-05 Општина Делчево и Општина Виница по вторпат беа активни учесници на Бизнис-самитот „Патот на свилата“ кој овој месец се одржа во Кина. Двете општини се активни членки и  први општини од Р. С....
Објавено на 12 Декември 2019, 22.41 од Д.Чапевски
2019-12-12-21-47-24 Во рамките на новогодишната програма, Академскиот хор „Мирче Ацев“ ќе одржи новогодишен концерт во Делчево на 14.12.2019 (сабота) во 19 часот во киносалата.На програмата се композиции од Мокрањац,...
Објавено на 11 Декември 2019, 14.00 од Д.Чапевски
8----  Уникатната изложба под работен наслов „8 Мега- ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија денеска беше отворена во Делчево....
Објавено на 11 Декември 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-12-11-12-59-19 Се известуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани кои имаат добиено и исплатено финансиска помош од Општина Делчево  да достават...
Објавено на 11 Декември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
8- Сѐ е подготвено за уникатната по многу нешта изложба под работен наслов „8 Мега ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и несебичната поддршка на...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.15 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-16-14 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата од 14 ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од 2, 3 и 4 година кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година. На јавно објавениот...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.10 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-14-09 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2019/2020 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. Согласно со критериумите објавени...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.44 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-47-39 Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-36-52 Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на...
Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес178
mod_vvisit_counterВчера3422
mod_vvisit_counterОваа недела178
mod_vvisit_counterПретходна недела20583
mod_vvisit_counterОвој месец40212
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3149892

Присутни online: 61
Ваша IP: 3.234.214.113
,
Денес: Дек 16, 2019