Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0021_resize DSC 0001_resize

DSC 0005_resize DSC 0007_resize

На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се дегустираа и вкусните производи обогатени со сливи и изложени на продажните штандови. Во манифестацијата се вклучија  сите образовни институции во Делчево, локални институции и здруженија на граѓани, а учениците од СОУ „М.М. Брицо“ подготвија и ликовна колонија на тема „Пијанечка слива“.  Свои производи на штанд  понуди и најголемиот откупувач  и преработувач на овошје во регионот „Рудине ММ“.

Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој се заблагодари на учесниците за нивното учество во манифестацијата со што сите заедно даваат придонес во промоција на наслеството и традицијата поврзана со сината слива.

DSC 0058_resize DSC 0024_resize

DSC 0029_resize DSC 0056_resize

- Убаво е да се потсетиме со традицијата која обединува многу генерации во Пијанец и со свои очи нашите деца и млади, да го видат процесот на производство на добра делчевска сливова ракија и да го осетат вкусот на мармаладот, слаткото или убавите и слатки производи обогатени со ова овошје. Верувам дека подготвените специјалитети од сливи не се непознати за новите генерации, но ние како Општина имаме обврска да го продолжуваме животот на вредната традиција и да испратиме порака дека традицијата е тоа нешто кое ни го дава идентитетот и ни ги чува корените, рече Трајковски.

Од изложеното богатство, Комисијата одлучи наградата за најубаво уреден штанд во знакот на сливата на овогодинешните „Пијанечки денови на сливата“ да ја додели на учениците од  СОУ „Методи Митевски Брицо“ кои традиционално штандот го збогатија и со ликовната колонија, наградата за највкусен мармалад ја добија учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“.

Епитетот највесела ракија, годинава ја поделија ракиите подготвени од Славе Никовски и Венко Синадинов, а второто место го поделија Драги Васев и претставниците од ООУ „Св.,Климент Охридски“ . Наградите се во износ од 6 илјади денари , односно 4 илјади за второпласираните.

DSC 0061_resize DSC 0063_resize

DSC 0081_resize DSC 0082_resize

DSC 0088_resize

Во Пијанец има над 252 илјади садници со сини сливи засадени на околу 700 хектари, а традицијата на производство и преработка на сливата во Пијанец ја почитува скоро секое семејство и таа има длабоки корени. Според истражувањата на пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски, посебно е карактеристичен периодот на почетокот на 20 век, кога се создале големи бавчи со сина слива.

-Расадот е донесен од Банско- Бугарија, затоа и е наречена банска слива.  Потоа, овоштарите сами почнале да си произведуваат насади. Сината слива ја имало толку многу што останувала необрана и до паѓањето на првиот снег. Во тој период, до 1940 година, се изградени многу сливарски фурни за печење на сината слива, истакнува Узунски.

Манифестацијата беше збогатена со настап на децата од детската градинка „Весели цветови“, учениците од ООУ „Ванчо Прке“ и ООУ „Св.Климент Охридски“, како и играорците од ФГ „Никола Јонков Вапцаров“ и од КУД „Гоце Делчев“.

Инаку, гостин на годинешнава манифестација беше и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска беше во работна посета во Делчево.

DSC 0011_resize DSC 0014_resize

DSC 0017_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 16 Октомври 2019, 07.24 од Д.Чапевски
2019-10-16-06-30-21  Специфичниот геолошки профил на карпи кај делчевското село Ѕвегор е прогласен за природна реткост. Министерството за животна средина и просторно планирање врз основа на Законот за заштита на...
Објавено на 14 Октомври 2019, 13.12 од Д.Чапевски
-29- 30 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 21.10.2019 година (понеделник) во 14:00 часот во Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 14 Октомври 2019, 12.29 од Д.Чапевски
2019-10-14-11-35-24 Машинскиот парк на ЈКП„Брегалница“ Делчево од денеска е побогат со нова современа машина ровокопач.Станува збор за машина- ровокопач вредна на 62.550 евра, а набавена во рамкитена проектот...
Објавено на 09 Октомври 2019, 08.57 од Д.Чапевски
2019-10-09-08-01-17 | Секоја година, првата полна седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Во рамки на годинешното одбележување на Светската недела на детето, денеска...
Објавено на 30 Септември 2019, 11.17 од Д.Чапевски
-50 Извршувањето на буџетот на општина Делчево за вториот квартал од 2019 година изнесува 49,27%, односно од вкупно планираните 279.783.412 ден.приходи  за вториот квартал се реализирани...
Објавено на 27 Септември 2019, 14.19 од Д.Чапевски
-info-sovet-inbox-x-daniela-takeva-1447-14-minutes-ago-to-me-valeri-vlatko-translate-message-turn-off-for-macedonian-29  Делчевските советници на 29-та редовна Седница ја усвоија Стратегијата за родова еднаквост во општините Делчево, Берово и Пехчево, како и Акцискиот план на Општина Делчево. Стратешките документи...
Објавено на 20 Септември 2019, 13.29 од Д.Чапевски
2019-09-20-12-41-26    На  петнаесет штандови богати со најразлични вкусни производи од сливи денеска се славеше традицијата. На едно место се вареше ракија, се подготвуваше мармалад и слатко, а се...
Објавено на 20 Септември 2019, 11.51 од Д.Чапевски
oliver   Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната...
Објавено на 20 Септември 2019, 07.45 од Д.Чапевски
2019-09-20-06-49-12 РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВОЛОКАЛНА САМОУПРАВАБр.04-1668/1120/09/2019 година ДЕЛЧЕВО Врз основа на член 17, член 23 став (1) и став (5) и член 25 став (1) од Законот за...
Објавено на 19 Септември 2019, 11.43 од Д.Чапевски
-29- 29 Седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 27.09.2019 година (петок) во 14:30 часот во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 18 Септември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-09-18-08-04-12 Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, со сопствени средства ја помага доизградбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. На донаторската сметка тој уплати 500 евра во денарска...
Објавено на 18 Септември 2019, 07.48 од Д.Чапевски
-2-msip2-ncb-009-19 Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија  Втор Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2  MSIP2-NCB-009-19     1. Овој Повик за Понуди ја следи...
Објавено на 17 Септември 2019, 11.24 од Д.Чапевски
2019-09-17-10-31-33  Претставници од Здружението за турско-македонско пријателство со седиште во Борнова-Измир од Турција беа во посета на Општина Делчево при што остварија работна средба со градоначалникот на Општина...
Објавено на 16 Септември 2019, 11.01 од Д.Чапевски
2019-09-16-10-05-09   Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево. Согласно со проектот...
Објавено на 13 Септември 2019, 13.00 од Д.Чапевски
2019-09-13-12-04-07  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска го потпиша Договорот со Министерството за локална самоуправа со кој Општина Делчево доби средства од Буџетот на РСМ за поддршка за...
Објавено на 13 Септември 2019, 08.59 од Д.Чапевски
-2019- Општина Делчево во соработка со локалните институции традиционално ја организира манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2019“. Манифестацијата ќе се одржи на 20.09.2019 година (петок) на...
Објавено на 12 Септември 2019, 12.20 од Д.Чапевски
------------msip-ncb-109-19 1.     Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година...
Објавено на 12 Септември 2019, 08.49 од Д.Чапевски
2019-09-12-07-52-19 На иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Општина Делчево организира екоакција „За почисто Делчево“ на ден 15 септември (недела). За таа цел се повикуваат сите граѓани,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес479
mod_vvisit_counterВчера2433
mod_vvisit_counterОваа недела8178
mod_vvisit_counterПретходна недела15529
mod_vvisit_counterОвој месец37549
mod_vvisit_counterПретходен месец70377
mod_vvisit_counterВкупно3006900

Присутни online: 23
Ваша IP: 3.231.228.109
,
Денес: Окт 17, 2019