Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0002_resize DSC 0004_resize

На денешната 30. Седница на Советот на Општина Делчево, советниците ги усвоија Измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Делчево за тековната 2019 година. Според измените,  извршени се проширувања и измени во Основниот буџет и во Буџетот на донации, а Ребалансот претставува нов буџет за годината за која се донесува.

Во Основниот буџет рамката на буџетот се зголемува  за средства во износ од 8.016.700 денари и тоа на ставка 741 трансфери од други нивоа на власт. Со проширувањето основниот буџет изнесува 118.999.700 денари, а проширувањето произлегува од  склучениот Договор од страна на АФПЗРР и Општината на износ од 6.187.226 денари, за инвестиција за канализациони системи во нас.Басарица, с.Киселица и с.Вратиславци и Договорот со Бирото за регионален развој и Општина Делчево за реализација на проектот „ Изградба на дел од локален пат Илиово-Турија (делница од с.Турија-с.Трстија) завршна фаза“ на износ од 2.773.584 денари.

 DSC 0005_resize

Зголемувањето на вкупниот Буџет на Општината со измените и дополнувањата е за 12.145.700 ден. и тоа за зголемување на  Основниот буџет за 8.016.700 ден.и 4.129.000 ден. за буџетот на донации. Во групата 71, даночни приходи (данок од доход, даноци на имот, даноци на специфични услуги и такси за користење или дозволи за вршење на дејност), зголемувањето е за 999.984 ден.

Во даночните приходи намалување има само кај даноците на имот (конто 713) за 575.016 денари или 4,5%. Намалувањето е планирано кај данокот на промет, бидејќи според  направената тренд анализа сметаме дека истите до крајот на годината нема да се наплатат. Зголемувањето на даноците на специфични услуги (конто 717), е за 1.575.000 денари. Во даноци на специфични услуги влегуваат сите сите видови на комунални такси, како и надоместокот за уредување на градежно земјиште. Зголемувањето произлегува од поголемата наплата на комуналната такса за истакната фирма.

Во расходниот дел во основниот буџет има намалување во делот на платите и надоместоци од плати, во износ од 702.700 денари, во делот на стоки и услуги износот се зголемува за 1.965.400 денари, односно за 7,5%.

Пред советниците денеска се најдоа предлог-одлуките за доделување стипендии на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“-Делчево и на одлични ученици во СОУ „М.М.Брицо“ кои постигнале особено висок успех во учењето, како и предлог-одлуките за доделување стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија и на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија кои постигнале особено висок успех во студирањето. Исто така, совтениците го усвоија и Извештајот за  јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево поднесен од командирот на ПС ОН Делчево, Стојан Димитровски.

Во рамките на Дневниот ред за денешната Седница, покрај урбанистички одлуки пред советниците ќе се најде и предлог-одлуката за формирање Совет за социјална заштита на Општина Делчево, како и измените на Годишниот план за вработување на ЈКП „Брегалница“-Делчево за 2019 година.

Share/Save/Bookmark