Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

реткост стамер2 реткост стамер3

Минситерството за животна средина и просторно планирање согласно со Законот за заштита на природата го прогласи палеонтолошкиот локалитет Стамер за природна реткост.

Палеонтолошкиот локалитет Стамер богат со пикерминска фосилна фауна се наоѓа во Делчевскиот регион на оддалеченост од 5 км југоисточно од Делчево во непосредна близина на селото Стамер, а површината на локалитетот изнесува 25.6 хектари. Согласно со Решението објавено во Службен весник, со Палеонтолошкиот локалитет Самер управува Општина Делчево и со цел да се спречи оштетување или уништување на природната реткост, општината презема активности за чување и одржување на природната реткост., како и мерки за заштита. Во таа смисла, Општината може да спроведува научни истражувања и мониторинг по добиена дозвола од Минситерството за животна средина и просторно планирање, врши пормоција на природната реткост како туристичка дестинација, ја обележува со соодветни информативни табли, спроведува едукативни активности за потребата од зачувување на локалитетот. Спроведувањето активности и дејства во границите на природната реткост, како што се изградба на пристапни патеки и уредување на местата за одмор се врши на начин со кој се обезбедува висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност во насока на обезбедување на соодветно управување со природната реткост.

Палеонтолошката гробница на пикерминска фауна е детерминирана и дел, научно истражена пред 12 години, кога научниците од Природо-научниот музеј од Скопје овде открија значајни фосили од пикерминска фауна, како уникатниот во Европа, череп од жирафа, мастодонт, фосили од антилопа, хипарион и сл, фосили стари од 10 до 3 милиони години.

Минситерството за животна средина на територијата на Општина Делчевоза природна реткост прогласи три локалитети за кои претходно Општина Делчево во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) координиран од Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР), изработи три елаборати за валоризација на природната реткост: спелеолошкиот објект Киселичка пештера, Карактеристичниот геолошки профил кај Ѕвегор и Палеонтолошкиот локалитет Стамер.

Прогласувањето на овие три локалитети за природна реткост ќе придонесе за заштита на значајните локалитети, но и нивно ставање во функција на туризмот која е приоритетна цел во ЛЕР на Општина Делчево.Општина Делчево планира наредниот период да изработи елаборати и да поднесе апликации за валоризација и за локалитетите: Кукуље кај с. Нов Истевник и пештерата Коњска дупка кај с. Град.     

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес960
mod_vvisit_counterВчера2911
mod_vvisit_counterОваа недела3871
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец42752
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3298278

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.94.202.172
,
Денес: Фев 18, 2020