Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

kmet1

Четири капитални проекти се во фаза на реализација, а во моментов во Делчево се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од 120 милиони денари. Ова денеска го истакна градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, на прес-конференција во која главна тема беше реализацијата на инфраструктурните проекти. Прес-конференцијата се одржа во рамките на отчетот по повод две години локална власт предводена од Трајковски како градоначалник.

Почитувани сограѓани,

Единствениот пат до успехот е ако дадете повеќе од она што се очекува од вас, без разлика на тоа за каква задача станува збор. Јас денеска ќе зборувам за успех, за реализирани проекти, за решени проблеми, бидејќи вложивме сѐ, сите ресурси максимално ги ангажиравме за да кажеме: ДА, ние работиме, ние ја градиме нашата општина која заслужува да биде европска урбана средина со задоволни граѓани.

Почитувајќи го начелото за отчетно и транспарентно работење, денеска пред Вас презентирам дел од мојата работа и работата на општинската администрација во изминатите 24 месеци, период во кој ја водам општината како градоначалник.

Во овие две години создаваме отворена и услужна општина за сите. Во редовните термини за прием на странки, но и во текот на целата работна недела, во овие две години сум примил околу 2000 граѓани. За дел од нивните барања кои беа од сферата на услуги кои се во надлежност на Општината, е постапено веднаш, додека останатите се во постапка. Ја подобривме ефикасноста на општинската администрација. Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, каде со години чекаа предмети за решавање, ја подобри ефикасноста во донесување решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Само во тековната година се решени 250 предмети, лани бројката на решени предмети беше 130. Додека во минатиот период се решаваа по 50 предмети годишно. Со мојот тим од Општината и со советниците од општинскиот Совет имавме квалитетен период, решивме огромни проблеми на граѓаните, но отстранивме и многу непродуктивни трошења. Овде ќе ја споменам и Одлуката која на моја иницијатива, беше поддржана од Советот на Општина Делчево, со која целата општинска администрација и јас како градоначалник, се откажавме од службените патни трошоци.

Сето ова е во насока да обезбедиме повеќе средства во буџетот за реализација на инфраструктурни проекти. И овде ќе потенцирам дека со поддршка на Владата и од сопствени приходи, вкупно сме вратиле 60 милиони денари стари наследени обврски. Ја исплативме и третата рата за доградбата на детската градинка, односно досега исплативме, 3 милиони денари. На самиот почеток од мојот мандат исплативме 4,3 милиони денари на име: 14 заостанати обврски–паушали кон советниците, ги исплативме сите средства кои неправедно им беа одземени на пожарникарите, ги исплативме сите заостанати средствата од социјалната мерка за новороденчиња и редовно ги сервисираме денес, ги исплативме сите заостанати ученичките стипендии, но и го зголемивме бројот и износот на стипендиите.

Мора да ви потенцирам уште еден значаен момент, а тоа е експропријацијата на земјиштето. За реализација на проектите досега на име експроријација сме исплатиле околу 4 милиони денари, а планирано е до крајот на годината за оваа намена да се исплатат од буџетот уште 2 милиони денари со цел реализација на планираните инфраструктурни проекти.

Периодов зад нас го оценувам како успешен и во моментов во Делчево се инвестираат или се очекува да започнат со реализација инфраструктурни проекти во вредност од 120 милиони денари, а во овој период ги завршивме или сме на почеток на реализација на три капитални проекти: Изградба на пешачки мост со придружни објекти, изградба на градска капела, изградба на современ градски пазар, инфраструктура во населбата Басарица.

gradski pazar

Објавувам дека Делчево добива современ градски пазар. Обезбедивме средства за реализација на овој капитален проект, ветен во Програмата. Дел од средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Со овие средства ја започнуваме првата фаза од изградбата која е со вкупна финансиска конструкција од околу 20 милиони денари.

Во тек е тендерската постапка за изградба на градската капела со што, по теркот на поголемите градови, верските обреди при погребувањето на починатите лица ќе се вршат во придружно – услужниот објект капела. Проектот за изградба на градска капела изнесува 7.364.136 денари од кои општинското кофинансирање е во износ од 5.511.501 денари и МСИП-грантот од 1.852.635 денари.

Peshachki most

Пешачкиот мост на реката Брегалница е готов, во фаза на реализација се пристапните рампи. Вредноста е 8, 2 милиони денари. Околу 60% е учество од ИПР, преку Бирото за регионален развој,  а останатите околу 40% се кофинансирање од Општина Делчево.

Посебно сум горд што јас како градоначалник со мојот тим и тоа во првите две години од мандатот, решаваме круцијален проблем во населбата Басарица и Полето. Овде се гради првата патна инфраструктура во населбата во должина од 1 км и канализација во должина од 2 км, а вредноста на проектот е 25 милиони денари. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а ДДВ во висина од 18% е од општинскиот буџет.

croped bulevar

Прегледот на инфраструктурните проекти ќе го продолжам со еден од најважните инфраструктурни проекти кој е огледало на градот, а тоа е рехабилитацијата на транзитниот булевар „Македонија“ кој е дел од државниот пат А -3. Конечно, по неколку децении од неговата изградба, се рехабилитираа двата коловоза со вкупна должина од 3,5 км. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП Гранит. Вкупната вредност на проектот е 32.464.582 денари.

pat dzvegor

Претходно беше извршена рехабилитација на 5 км од патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин, како и најкритичниот дел од патниот правец Делчево- Пехчево во должина од 11 км. Двата проекти се реализираат преку ЈПДП со проект од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и се  реконструираа и 11 км од регионалниот пат Берово-Виница. Вкупниот буџет за овие три инфраструктурни проектите 3,3 милиони евра.

2бигла

Се реконструираше и патниот правец с. Бигла-Виница кој беше „тесно грло“ во сообраќајната комуникација со останатиот дел од Македонија. Проширен е коловозот од 3 м на 5 метри, останува наредната година да доизградиме уште 3,5 км од оваа делница со што го решаваме проектот, комплетно.

И со сите овие проекти, слободно можам да констатирам дека Делчево повеќе не е инфраструктурно изолирано. Делчево оди напред. Делчево е на прав пат.

Најавувам реализација на големи инфраструктурни проекти во Делчево:

Наскоро треба да започне реконструкцијата на улиците „Вера Јоциќ“, „Маршал Тито“ и улица 7 во населба СРЦ. Односно, ќе се реконструираат улиците „Маршал Тито“, на потегот од касарната до Таушанското маало во должина од 743 метри, потоа улицата „Вера Јоциќ“ над гимназијата „М.М.Брицо“ во должина од 599 метри и улица 7 во населба СРЦ, каде ќе се гради комплетно нова улица во должина од 290 метри. Реализацијата на овој проект е преку Проектот за подобрување на општинските услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка со подзаем во износ од 32.252.287 денари.

Svetozar markovikj Pitu guli

маршал тито

Преку оваа Програма во рамките на проектот„Општински и рурални инвестиции“, ги реконструиравме најфреквентните улици во Делчево „Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“ и „Маршал Тито“ со вкупна должина од над 1,2 км., а ги изградивме и тротоарите на улиците, а исто така, поставивме и сообраќајна сигнализација.

Во тек се градежните работи за изградба на улицата која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка во Делчево. Согласно со проектот, улицата во централното градско подрачје позната како Станбената улица 4, ќе биде со должина од 200 метри, а ширина на коловозот од 6 метри. На овој потег ќе се гради и тротоар, како и дел од Станебната улица 3 која се вкрстува со оваа улица со цел дополнителна пешачка и сообраќајна комуникација на стариот дел на градот со новиот дел.

улица4

Исто така, во тек е изградба на дел од крак 2 во населбата Шумски расадник кој претставува крак од ул „Орце Николов“.

Во врска со другите инфраструктурни проекти ќе потсетам дека заврши целосната реконструкција и асфалтирањето на 190 метри од  улицата „Македонска“ во населбата Милково Брдо, ја изградивме првата улица во населбата „Пролет“ во должина од 261 метар, дел од улицата „Никола Јонков Вапцаров“ во центарот на Делчево во должина од 80 метри и улицата во селото Габрово која жителите на ова село ја бараа со години, а е во должина од 198 метри. Средствата за изградба на улиците се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

пролет македонска

Во однос на патната инфраструктура ќе потсетам дека со средства од Буџетот на РСМ за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите годинава ќе се реконструира крак од ул „Кеј на Брегалница“. Минатата година преку оваа Програма решивме голем инфраструктурен проблем во ромското маало со изградбата на улицата „Илинденска“ и изградбата на потпорниот ѕид на оваа улица.

илинденска

Во соработка со ЈПКД „Брегалница“ продолжуваме со уредување на пристапните патеки и тротоари кои се со земјена подлога. Се изградија тротоарите пред станбениот комплекс на ул. „Кеј на Брегалница“, ул.„Илинденска“ и пристапни патеки на крак од улица „Орце Николов“ и „Острец“. Согласно со Програмата на ЈПКД „Брегалница“ и на Општина Делчево и во наредниот поериод е планирана изградба на тротоари и пристапни патеки во градското подрачје.

Исто така, решаваме децениски проблем и за жителите кои гравитираат во селата Илиово-Турија-Трстија. Со средства од Програмата за  финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање во 2019 година, Општина Делчево со доизградба на околу 500 метри, ќе ја заокружи изградбата на локалниот пат Илиово-Турија, делница од с. Турија до с. Трстија. Вредноста на проектот е околу 2, 8 милиони денари. Претходната година изградивме околу 400 метри од оваа делница, исто така, со средства од оваа Програма во висина од 2 милиони денари.

turija400

Го решаваме и проблемот со критичните реони во градот и превенираме поплави. Изработени се проекти за одделување на фекалната од атмосферската канализација во поголем дел од населбите во Делчево. Проектирана е атмосферска канализација за населбите СРЦ, Шумски Расадник, ул.„Орце Николов“ и ул „Вера Јоциќ“, така што сите подготвителни работи се завршени и тендерот ќе го распишеме на почетокот на 2020 година. Изградивме фекална канализација во населбата „Пролет“ во должина од 300 метри, реконструирана е водоводната инсталација во с. Габрово во должина од 800 метри.

габрововодовод gabrovo desno_od_domot

Кога е инфраструктурата во прашање сакам да информирам дека подготвуваме проектна документација за изградба на повеќе улици во населбата Старо Делчево, канализирање на сите водотеци во Делчево, подготвуваме проекти за улици во Габрово, Ѕвегор, Тработивиште, Разловци и останатите села од општината, а се планира и доуредување на кејот на реката, како и изградба на нови паркови во централниот дел на Делчево. Имаме изработено основни проекти за реализација на 24 инфраструктурни проекти за кои ќе бараме поддршка од сите донатори, ќе бараме начини да ги финансираме и од сопствениот буџет. Ова значи дека како Општина сме подготвени да учествуваме на секој повик за да ставиме асфалт повеќе и да решиме децениски прашања на граѓаните.

Со особена годост зборувам и за фактот дека по две децении, Општина Делчево изработува ГУП. Не може и не смее стариот плански опфат на Делчево донесен пред повеќе од 25 години, да го кочи развојот- со стари планови не може да се гради иднината. Новиот ГУП ќе биде проширен и ќе опфати минимум 430 хектари површина со можност за понатамошно проширување и очекувам со новиот ГУП да се решат сите тесни грла во досегашното урбанистичко планирање,  но и да се предвиди идниот развој на градот Делчево. Овој голем проект го работиме со финансиска поддршка на Владата и на Агенцијата за планирање на просторот.

Почитувани сограѓани,

Со мојот тим заедно ги реализиравме или се во фаза на реализација ветените крупни капитални проекти со заокружена финансиска конструкција. Предизборната програма се реализира со ветеното темпо, но се реализираат и многу проекти кои не беа ветени во програмата, но со нивна реализација, решававме децениски проблеми на граѓаните.

Не беше лесно и не е лесно да раководиш со општина која со децении опстојува со блокирана сметка и општина на која ѝ беше нарушен угледот на професионалноста на администрацијата. Јас бев свесен за состојбата во ЕЛС Делчево. Искуството што го имав како советник во општинскиот Совет, ми ја даде вкупната слика во која се наоѓа Општина Делчево и беспоштедно и максимално вложувајќи се, влегов во коштец со проблемите и решаваме дел по дел, но и го остваруваме тоа што сме го ветиле на граѓаните-подобар квалитет на животот. Вашата доверба дадена на изборите пред две години, ме обврзува и ме мотивира максимално да се вложувам и да барам решение за наталожените проблеми.

Како градоначалник и со поддршка на мојот тим интензивно работиме за да го исполниме основното ветување- Општината сервис на граѓаните .

Благодарам

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 19 Ноември 2019, 08.40 од Д.Чапевски
2019-11-19-07-46-39  Во Општина Делчево има 27 згради за колективно домување, од кои 22% имаат лифт,  а 55% имаат деловни простории, додека најстарата зграда е изградена во 1950 година. Овие податоци стојат во...
Објавено на 18 Ноември 2019, 14.18 од Д.Чапевски
2019-11-18-13-21-16   Започна асфалтирањето на последните 500 метри од локалниот пат Илиово-Турија, делницата од с. Турија до с. Трстија со што се заокружува комплетно изградбата на овој локален пат и се решава голем...
Објавено на 18 Ноември 2019, 11.48 од Д.Чапевски
2019-11-18-12-49-58 Уништувањето на урбаната опрема значи уништување на јавни добра купени со буџетски средства на Општина Делчево. Од тој аспект, граѓаните треба да се сами свесни дека со уништување на урбаната опрема во...
Објавено на 18 Ноември 2019, 10.14 од Д.Чапевски
2019-11-18-09-16-25 Општина Делчево организира акција за пошумување на урбаниот дел од градот која ќе се одржи на 23.11.2019, сабота . За таа цел се повикуваат сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество...
Објавено на 15 Ноември 2019, 15.26 од Д.Чапевски
2019-11-15-14-30-04   Претставници од месни заедници, од граѓанските организации, претставници од бизнис-заедницата во Делчево учествуваат на Форумот за општински буџет кој го организираше Општина Делчево во...
Објавено на 13 Ноември 2019, 14.48 од Д.Чапевски
-31- 31. седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 20.11.2019 година (среда) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 13 Ноември 2019, 14.37 од Д.Чапевски
2019-11-13-13-39-50 Со низа активности предвидени во проектот „Интернет суперхерои“, Делчево се вклучува во борбата со лажните вести и дава свој придонес во медиумската писменост во рамките на Деновите на медиумската...
Објавено на 11 Ноември 2019, 12.38 од Д.Чапевски
2019-11-11-11-39-53 Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.46 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-47-51 Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставници од месните и урбаните заедници, претставници од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира „Форум за општински Буџет“ на...
Објавено на 11 Ноември 2019, 11.31 од Д.Чапевски
2019-11-11-10-37-50  Во населбата СРЦ во тек е изградба на крак од фекална канализација. Екипи на ЈКП „Брегалница“ работат на поставување цевки фи- 200, во должина од околу 30 метри по што канализационата линија ќе...
Објавено на 11 Ноември 2019, 09.00 од Д.Чапевски
2019-11-11-08-01-42 Разговор помеѓу две индивидуи со различни идеи и ставови за уметноста се спојуваат во една заедничка сликовита целина којашто доминира во просторот и со специфично осветлување и рефлексија ја креираат...
Објавено на 08 Ноември 2019, 14.25 од Д.Чапевски
2019-11-08-13-27-44  Интензивно се работи на поставување фекална канализација која поминува низ дел од населбите Басарица и Полето. Согласно со проектот, се градат 4 крака од фекалната канализација во должина од 2...
Објавено на 08 Ноември 2019, 12.31 од Д.Чапевски
2019-11-08-11-35-11 Согласно со препораките на Владата, од денеска во Општина Делчево се воспоставени дежурни инспекциски екипи кои ќе вршат контрола поврзана со евентуалната употреба на недозволени средства за огрев и кај...
Објавено на 08 Ноември 2019, 11.10 од Д.Чапевски
2019-11-08-10-13-53 ЛАГ Малеш – Пијанец  започнува со реализација на проект кој треба да придонесе за подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во трите општини Делчево Берово и Пехчево. Како еден од ...
Објавено на 07 Ноември 2019, 15.11 од Д.Чапевски
2019-11-07-14-24-15 Во централното градско подрачје, Делчево доби нова улица. Денеска се асфалтираше улицата позната како „Станбена улица 4“ која ќе го поврзува новиот пешачки мост со детската градинка. Улицата која е во...
Објавено на 07 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-07-13-07-42   Општина Делчево во соработка со ПСД „Голак“ и планинарскиот водич, Љупчо Чучуковски,  ја започна едукативната кампања „Играме и учиме за природата“ која ги учи најмладите преку игра како да...
Објавено на 06 Ноември 2019, 13.28 од Д.Чапевски
2019-11-06-12-32-50  Со поставувањето нов асфалт, заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ја асфалтираа улицата која е во должина од 50...
Објавено на 06 Ноември 2019, 08.24 од Д.Чапевски
2019-11-06-07-25-17 Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица, дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со Законот за амбиентален воздух,...
Објавено на 04 Ноември 2019, 12.04 од Д.Чапевски
2019-11-04-11-08-00 Општина Делчево денеска ги објави конкурсите за доделување ученички и студентски стипендии за учебната 2019/2020. Годинава ќе се доделуваат 6 ученички стипендии повеќе во споредба со минатата година,...
Објавено на 01 Ноември 2019, 12.09 од Д.Чапевски
2019-11-01-12-35-41  Во циклусот прес-конференции посветени на работењето во изминатите 24 месеци локална власт, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, се осврна на инвестициите во образовниот систем,...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес716
mod_vvisit_counterВчера3258
mod_vvisit_counterОваа недела5955
mod_vvisit_counterПретходна недела13738
mod_vvisit_counterОвој месец41461
mod_vvisit_counterПретходен месец65940
mod_vvisit_counterВкупно3078435

Присутни online: 40
Ваша IP: 3.92.92.168
,
Денес: Ное 20, 2019