Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

книга1 книга1.1

Во организација на ЈЛБ „Илинден“ и Општина Делчево синоќа во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа промоција на новото дело на писателката Билјана Тинтоска.

Јавната локална библиотека „Илинден“ секогаш е расположена и да набавува и да промовира наши автори, затоа што е огромно задоволството да го збогатиме нашиот фонд, токму со дела од наши автори, истакна при обраќањето директорката на ЈЛБ „Илинден“ Билјана Петровска.

- Вечерва промовираме токму еден ваков роман, кој токму од вечерва се наоѓа на полиците во нашата библиотека и нашите читатели ќе можат да го изнајмат и прочитаат. Покрај овој роман библиотеката располага и со првиот роман од Тинтоска насловен „Овде или во вечноста“, истакна Билјана Петровска, директорка на ЈЛБ „Илинден“.

книга1.2 книга1.3

Промотор на новото дело на Тинтоска, беше Даниела Такева, м-р по македонистика која истакна дека делата на Тинтоска даваат голем придонес во развојот на македонскиот современ роман.

-Билјана Тинтоска со нејзините два романи „Каде реката го бакнува небото“ и првиот роман „Одовде до вечноста“ се романи кои од првата страница ве навлекуваат и нема да сакате да ги испуштите од раце. Тие пленат со секој нов збор и секоја нова реченица и ќе ве држат во дејството и патешествијата на главните ликови, по што верувајте, ќе излезете, како што таа милува да каже за силата на молитвата, „прочистени како од духовна бања“. И двата романи го носат печатот на нејзиниот стил јасно-речен, а и мисла заокружена и поткрепена со факти за моралната вредност и чистота, испреплетена со длабока верба во Бога и молитва која оплеменува и ја дава силата да се истрае и да се издржи денот кој не знаеме што носи. Всушност, во делата се испреплетуваат многу автобиографски елементи, добро надоградени со авторска имагинација, во која успешно ги става ликовите во неизвесности, недоречености, тие да страдаат, да претчуствуваат, да се борат за одржување во соврменеието и притоа водени од моралните доблести, да се одржат во современиот свет, за кој слободно може да кажеме дека страда од отсуство на срам, во свет на изместени вредности, истакна Такева.

Како што истакна самата авторка Тинтоска, падот на моралните вредности го има главното сиже во нејзиниот втор роман.

-Најголем мотив ми се секогаш учениците, затоа што забележувам дека кај децата недостасуваат моралните вредности, падовите кај моралните вредности ми се едни од најсилните мотиви, а целта ми е како да ги мотивирам младите, да се приближат до тие морални вредности, да го сакаат убавиот збор. Инаку мотив за мојата втора книга „Каде реката го бакнува небото“ претставува дел од животот на мојот дедо. кој има посебен развој на винарството и лозарството и кој бил еден од ретките школувани во 1926 година во Прага и  кој има големи заслуги на ова поле, рече Тинтоска.

Промоцијата беше организирана во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Октомври.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...
Објавено на 04 Февруари 2020, 11.28 од Д.Чапевски
-------148------ Општина Делчево со пригодна свеченост ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на...
Објавено на 30 Јануари 2020, 13.20 од Д.Чапевски
2020-01-31-07-33-52  Во согласност со Годишната програмата на Општина Делчево за регулација на речните корита и водотеци како и програмата на ЈПКД ,,Брегалница'' за чистење на диви депонии денес механизација и екипи...
Објавено на 27 Јануари 2020, 14.25 од Д.Чапевски
2020-01-27-13-27-45 Со дислокација на подземната инфраструктура на локацијата предвидена за изградба на градската капела кај градските гробишта во Делчево, економскиот оператор „ПАНЕЛ-М Мехаз“ ДООЕЛ од Тетово,...
Објавено на 22 Јануари 2020, 14.50 од Д.Чапевски
------12-- Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за јавна набавка на работи за изградба на улици, пристапни патеки и тротоари во Општина Делчево. По јавната набавка на работи отворањето...
Објавено на 20 Јануари 2020, 12.03 од Д.Чапевски
-2020- Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на...
Објавено на 19 Јануари 2020, 11.02 од Д.Чапевски
2020-01-19-10-17-32 Васил Панчовски денеска беше најсреќен и највешт и успеа од триесетината момчиња кои се фрлија во студените води на река Брегалница, да го фати светиот крст при церемонијата за осветување на реката...
Објавено на 17 Јануари 2020, 12.58 од Д.Чапевски
2020-01-17-11-59-11   Привршуваат подготовките за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици во Делчево. Почитувајќи ја традицијата, в недела на 19 јануари, празнувањето ќе започне во...
Објавено на 17 Јануари 2020, 09.50 од Д.Чапевски
-msip Повик за поднесување на понуди (ППП) - РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА  МАКЕДОНИЈА ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)MSIP-NCB-109-19   1.Овој Повик за поднесување на понуди ја следи...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1007
mod_vvisit_counterВчера2911
mod_vvisit_counterОваа недела3918
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец42799
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3298325

Присутни online: 40
Ваша IP: 3.94.202.172
,
Денес: Фев 18, 2020