Понеделник, 11 Ноември 2019 12:38
Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” Делчево ги постави сите патокази на планинарската патека ,,Средна” со што целата патека е комплетирана и е ставена на располагање во туристичката понуда на Општина Делчево. Патекатае во должина од 12 километри и се распростира на потегот од село Нов Истевник до село Разловци.
Патеката почнува од село Нов Истевник (Балабанско Маало), продолжува преку Истевнички Кукуље на 880 метри надморска висина, врвот Бејаз Тепе (Бела Планина), сѐ до селото Разловци кое се наоѓа на 690 метри надморска висина. Патеката има GPS- траг кој е достапен за сите. Исто така, патеката екомбинирана рекреативно-лесна планинарска патека и е препорачлива за сите планинари, авантуристи, вљубеници во природата, собирачи на печурки и чаеви и сл. Проектот е комплетно финансиран од Општина Делчево.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.