Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

медиумска писменост

Со низа активности предвидени во проектот „Интернет суперхерои“, Делчево се вклучува во борбата со лажните вести и дава свој придонес во медиумската писменост во рамките на Деновите на медиумската писменост кои во нашата држава се спроведуваат во периодот од 22 октомври до 15 ноември.

  Денеска во организација на Регионалниот центар за застапување од Делчево во ООУ „Ванчо Прке“ се одржа јавна презентација на проектот „Интернет суперхерои“, кој ќе се имплементира наредните 5 месеци со можност делчевци да се вклучат во различни работилници, кинопроекции, инфоденови, дебати, советувања и други настани кои обработуваат различни аспекти од медиумската писменост. Медиумски партнер на проектот е регионалната ТВ Стар, а проектот предвидува подготовка на 5 емисии од различни аспекти на медиумската писменост, изработка на промотивен материјал, како и организација на неделна кампања „Интернет суперхерои“.

медиумска писменост1 медиумска писменост3

Родне Деолска од РЦЗ, координатор на проектот, истакна дека потребата да се работи на ваков проект произлегува, пред сѐ, од големиот број лажни вести и пропаганда со што паралелено се зголемува и потребата од медиумски писмени граѓани кои критички ќе ги оценуваат медиумските содржини.

-Во регионот има млади со вештини на техничко ниво, знаат да работат со компјутер, да пишуваат документи, да пребаруваат на интернет, но со нив дополнително треба да се дискутира како се раѓаат и пишуваат вестите, како се декодира конкретна содржина, како да се заштитат од сајбер-насилство или како се одредува лажна вест. Образованието, односно училишните клупи се најсоодветното место за градење аналитичко размислување, препознавање на лажните информации и логичките грешки. Со активни и медиумски писмени млади луѓе ќе дојде до генерации кај кои пропагандата ќе има мало влијание. Токму затоа овие денови на медиумска писменост во Делчево почнуваат од училиштата, рече Деолска.

 Денешната конференција беше наменета и отворена за сите заинтересирани граѓани, ученици, просветни и медиумски работници кои сакаат да се вклучат во заедничкото работење за зголемување на свеста за медиумската писменост и справувањето со лажни вести.

На овој начин, нашата земја, се вклучува во одбележувањето на осмата Глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, а за првпат активности се организираат и во градот Делчево. РЦЗ проектот го имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Евротинк, а финансиран од Европската Унија, а поддршка има и од Агенцијата за аудиои аудиовизуелни медиумски услуги. 

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 11 Декември 2019, 14.00 од Д.Чапевски
8----  Уникатната изложба под работен наслов „8 Мега- ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и Музејот од Софија денеска беше отворена во Делчево....
Објавено на 11 Декември 2019, 13.48 од Д.Чапевски
2019-12-11-12-59-19 Се известуваат сите спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани кои имаат добиено и исплатено финансиска помош од Општина Делчево  да достават...
Објавено на 11 Декември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
8- Сѐ е подготвено за уникатната по многу нешта изложба под работен наслов „8 Мега ана“ плод на повеќегодишна работа на стручните тимови од Природонаучниот музеј од Скопје и несебичната поддршка на...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.15 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-16-14 Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата од 14 ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од 2, 3 и 4 година кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2019/2020 година. На јавно објавениот...
Објавено на 09 Декември 2019, 19.10 од Д.Чапевски
2019-12-09-18-14-09 Комисијата за доделување студентски стипендии ја утврди листата на студенти кои за учебната 2019/2020 ќе добиваат студентска стипендија од Буџетот на Општина Делчево. Согласно со критериумите објавени...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.44 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-47-39 Во делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски“ се инсталира националниот библиотечен информациски систем КОБИС со што ова делчевско училиште е прво училиште кое ја има започнато оваа постапка која има...
Објавено на 06 Декември 2019, 10.31 од Д.Чапевски
2019-12-06-09-36-52 Фосилите од палеонтолошката гробница на животни кај Стамер, Делчевско ќе бидат изложени за прв пат пред делчевци во рамките на тематската изложба „8 MEGA ANNA“ . Изложбата  е плод на...
Објавено на 05 Декември 2019, 13.40 од Д.Чапевски
2019-12-05-12-45-05   „Везот на животот“ новото дело на поетесата Ана Дедова, денеска беше промовирано во Делчево во рамките на кампањата „Денови на хуманост-дарувај со љубов“ организирана од Општина Делчево и ЈЛБ...
Објавено на 05 Декември 2019, 09.14 од Д.Чапевски
2019-12-05-08-16-59 Осум ученици од СОУ „М.М.Брицо“ од Делчево се закитија со награди на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ во организација на Македонското географско...
Објавено на 03 Декември 2019, 14.12 од Д.Чапевски
2019-12-03-13-16-25   Денеска во Дневниот центар e пуштена во употреба сензорната собаопремена преку иновативниот проект „Здрави деца – сигурна иднина“  и Источно- планскиот регион со средства од Швајцарската...
Објавено на 03 Декември 2019, 12.47 од Д.Чапевски
2019-12-03-11-50-21  Претставници од 11 општини од Косово и од нво-секторот од оваа земја, денеска престојуваат во Делчево со цел размена на искуства во делот на ЕУ-фондовите, но и градење нови партнерства и...
Објавено на 03 Декември 2019, 08.39 од Д.Чапевски
2019-12-03-07-43-45  „Музиката од светот“ во интерпретација на маестро Ѕене и прекрасниот вокал Елена, синоќа од Делчево испрати порака за поголема свест за лицата со посебни потреби со фокус на правата на овие лица....
Објавено на 02 Декември 2019, 12.19 од Д.Чапевски
2019-12-02-11-20-23   Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во...
Објавено на 02 Декември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-12-02-10-12-55 Во рамките на манифестацијата „Денови на хуманост- дарувај со љубов“ посветен на Светскиот ден на лицата со попреченост, 3 Декември, вечерва делчевскиот композитор Дејан Ѓеоргиевски-Ѕене и вокалната...
Објавено на 28 Ноември 2019, 14.50 од Д.Чапевски
-32- 32 седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 06.12.2019година (петок) во 14:00 часотво Мултимедијалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ...
Објавено на 28 Ноември 2019, 08.09 од Д.Чапевски
2019-11-28-07-17-59 По повод Светскиот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември, Општина Делчево во партнерство со Здружението „Бравура кооператива“ и Дневниот центар за лица со посебни потреби, ЈЛБ „Илинден“ ,...
Објавено на 27 Ноември 2019, 14.05 од Д.Чапевски
2019-11-27-13-16-09     Со пригодна свеченост денеска во Делчево Здружението Фолклорна група „Копачка“ одбележа 5 години од впишувањето, на ова по многу нешта уникатно оро, на Репрезентативната листа на...
Објавено на 27 Ноември 2019, 11.09 од Д.Чапевски
2019-11-27-11-13-22 Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од канализациската мрежа  во селото Стамер со што се решава долгогодишен проблем за жителите во ова село.  Станува...
Објавено на 25 Ноември 2019, 15.19 од Д.Чапевски
2019-11-25-14-21-59 Општина Делчево стана 167 членка на Мрежата ЦИВИНЕТ Сло-Хр-ЈИЕ која е една од најактивните и најбројните европски мрежи со членки од 6 земји. Мрежата ЦИВИНЕТ  им дава можност на членките да бидат...
Објавено на 23 Ноември 2019, 10.25 од Д.Чапевски
-200-   Јавори, јасени, липи и чемпреси се засадуваа денеска во урбаниот дел од градот по однапред направен распоред од одговорните лица во Општина Делчево. Во акцијата „За почист воздух“се вклучија...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1786
mod_vvisit_counterВчера3037
mod_vvisit_counterОваа недела10769
mod_vvisit_counterПретходна недела16368
mod_vvisit_counterОвој месец30220
mod_vvisit_counterПретходен месец74155
mod_vvisit_counterВкупно3139900

Присутни online: 88
Ваша IP: 34.237.51.159
,
Денес: Дек 12, 2019