Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

 

Општина Делчево денеска објави Поедноставена отворена постапка за набавка на работи„Изградба на придружни и услужни објекти на гробишта мртовечница-КАПЕЛА со ладилник и помошни простории во Делчево“.

Oтварањето на понудите ќе биде на 17.12.2019 во 9:00 часотелектронски на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), а сите заинтересирани можат да присуствуваат на јавното отворање во салата за состаноци на Општината.

За реализација на набавката се обезбедени средства од од Буџетот на Општина Делчево за 2019 година во висина од 6.240.800,00  денари без вклучен ДДВ, или 7.364.144,00 со ДДВ.

Проектот предвидува изградба на придружни и услужни објекти на гробишта – капела – мртовечница со ладилник и помошни простории. Планираната локација за изградба се наоѓа северозападно од градежниот реон Делчево во непосредна близина на градските гробишта. Објектот е планиран со максимална висина до 8,5 метри. Во рамки на парцелата предвидени се паркинг- места за 16 лесни возила, како и пристап за возилото за носење на ковчегот во мртовечницата и пешачка патека за вработените лица и посетителите, како и парковско зеленило. Објектот мртовечница – капела е предвиден како правоаголен објект со димензии 17,5/12,3 метри и вкупна површина од 190,42м2  со сите придружни простории и комора.

Share/Save/Bookmark