Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешната прес-конференција информираше дека во Делчево, 2020 година ќе биде година на инфраструктурна офанзива со која се решаваат децениски проблеми на граѓаните.

-Работиме плански и одговорно и создаваме услови за реализација на проекти кои значат подобар квалитет на животот на граѓаните. Во овие наши цели, Општина Делчево добива значајна и конкретна поддршка од Владата на РСМ. На стартот од оваа година, Делчево од Владата на РСМ преку Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, а во рамките на Проектот за поврзување локални патишта, за Делчево издвои 791,485 евра или околу 49 милиони денари што се случува за прв пат во историјата на градот да се алоцираат толку средства за патна инфраструктура. Изразуваме голема благодарност до Владата за оваа значајна поддршка и најавуваме изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот и населените места во општината, истакна Трајковски.

Тој потенцираше дека се работи по приоритети.

- Добро ги знаеме проблемите на граѓаните, дел од овие проблеми ги решававме во претходниот период, но во дел од населбите и во 21 век се гази по кал и се живее во прашина. Оваа слика мора да ја промениме и ќе ја промениме, само со планско и одговорно работење и со серизона поддршка и грижа од Владата. Следува изградба и реконструкција на улици во градот и во останатите населени места во Општината, односно ќе интервенираме секаде каде што има потреба, рече Трајковски.

Освен овие средства од Владата,  Трајковски најави и дека Општина Делчево издвојува 12 милиони денари од сопствениот Буџет за изградба и реконструкција на локалната патна инфраструктура, тендерот ќе биде распишан на почетокот од февруари месец. Исто така, тој истакна и дека е во тек тендерот со кој се бара најповолен понудувач за реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка  со подзаем во износ од 32.252.287 денари за реконструкција на три улици во градот, две постојни и една земјена улица.  Станува збор за улиците „Маршал Тито“, на потегот од касарната до Таушанско маало во должина од 743 метри, потоа улицата „Вера Јоциќ“ над гимназијата „М.М.Брицо“ во должина од 599 метри и улица 7 во населба СРЦ, каде ќе се гради комплетно нова улица во должина од 290 метри.

Трајковски најави дека за 10 месеци с. Разловци ќе добие детска градинка.

-Во оваа прилика сакам да истакнам дека на крајот од минатата година со министерката Царовска потпишавме Договор за градежни активности и адаптација на дел од училишната зграда во с. Разловци за отворање детска градинка и набавка и монтажа на опрема за градинката. Проектот треба да се реализира за 10 месеци, а инвестицијата од Министерството за труд и социјална политика изнесува 4,2 милиони денари, капацитетот на градинката е 20 деца, рече Трајковски и додаде дека новата 2020 година се стартува со конкретни инвестиции во инфраструктура вредни 97 милиони денари.

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2496
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7517
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65703
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321229

Присутни online: 36
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020