Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0006_resize DSC 0014_resize

Ѕвегорските суроваскари го продолжија живото културно наследство во Пијанец поврзано со Василица. Локалниот обичај под маски или театарот на отворено во кој главните ликови, невестата и младоженецот, белаците, бабите, мечките, го бркаа лошото од Пијанец, благословувајќи ги домаќините со сурова-млада и здрава нова година, се одржува и денеска во делчевското село Ѕвегор.

DSC 0019_resize DSC 0021_resize

Зачувувајќи ја автентичната традиција на весела свадбена поворка збогатена со многу нови ликови, седумдесетина маски и годинава дефилираа низ селото не одминувајќи ниту една куќа во него. Годинава, ѕвегорската Сурова се организира под покровителство на компанијата МАНОВ ДОО и Општина Делчево.
Ѓорѓи Манов кој е кум на овогодишното издание истакна дека настанот и годинава ќе продолжи во духот на традицијата долга неколку векови. -Не сакаме многу да менуваме туку и годинава Ѕвегорската сурова се организира во духот на традицијата. Почнала на тој начин што првите христијански семејства кои живееле околу Ѕвегор се маскирале од Луков Врв, Мановци и Дрндарица и доаѓале во Ѕвегор. Турците не давале да одат ноќе и затоа таа традиција е дење, додека во околината обичајот Сурова се прави ноќе, вели Манов.


Сурова во Ѕвегор е уникатна по многу нешта. Еротските игри асоцираат на плодноста, старите баби и мечкарите им помагаат на болните, а се црнат присутните и гостите за здравје. Белаците се војска кои со дрвени сабји и пушки ја чуваат невестата предвреме откриена. Поддршка за реализација на оваа традиција секоја година има и од Општина Делчево. Градоначалникот Горан Трајковски кој го потенцираше значењето на ова живо културно наследство истакна дека локалниот обичај по значењето и по богатството на маски го нарекуваат Пијанечко Вевчани. -Мене ме радува што ѕвегорските суроваскари се држат цврсто за традицијата која е уникатна по многу нешта. Последниве години многу млади од ова село Ѕвегор ја продолжуваат традицијата со што се обезбедува иднината на овој култен обичај под маски чија цел е со овој театар на отворено, да се избрка злото во некрстените денови од Пијанец. Како Општина, даваме поддршка на традицијата. Нека е за многу години, весела, сурова и здрава стара нова година, рече Трајковски. Суроваскарите ќе го завршат танцот во селото доцна попладнево и на трпеза подготвена од кумот на свадбата ќе се открие несветата и ќе паднат сите маски од годинешната сурова.

DSC 0045_resize

Share/Save/Bookmark

Коментирај

Коментари кои не се поврзани со текстот што е објавен, нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.


Последни актуелни информации

Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....
Објавено на 11 Февруари 2020, 09.59 од Д.Чапевски
2020-02-11-09-02-14 Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои...
Објавено на 10 Февруари 2020, 15.11 од Д.Чапевски
-35- Советниците на денешната Седница на Советот донесоа повеќе програми за работа за 2020 година и усвоија извештаи за реализација на програмите во 2019 година. Советниците ги разгледаа и ги донесоа:...
Објавено на 06 Февруари 2020, 15.30 од Д.Чапевски
a- Денес во посета на Делчево беше амбасадорката на Велика Британија г-ѓа Рејчел Галовеј. На работниот состанок кој се одржа во кабинетот на градоначалникот Горан Трајковски се разговараше на повеќе теми...
Објавено на 06 Февруари 2020, 10.08 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-13-04 Екипите на ЈПКД „Брегалница“ и Економскиот оператот „Еуро-бетон“ с. Град кој е задолжен за зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево од утрово работат на терен на...
Објавено на 06 Февруари 2020, 09.10 од Д.Чапевски
----35------- Врз основа на член 39 став 2 и член 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 05 Февруари 2020, 19.59 од Д.Чапевски
2020-02-06-09-05-42 Денеска во посета на Општина Делчево беше директорот на Царинска управа, Ѓоко Танасовски. На средбата разговаравме за повеќе аспекти од локално значење , тоа што го работиме ние како Локална...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2497
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7518
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65704
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321230

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020