Петок, 21 Јануари 2011 07:40

По повод верскиот празник Водици, подарокот што Градоначалникот на Општина Делчево секоја година традиционално го доделува на среќниот фаќач на крстот во водите на реката Брегалница, е одложено за наредната година.Одлуката на свештените лица да не го доделат крстот оваа година е поради немилите настани во реката, кога групата момчиња кои скокнаа по крстот во водите на р. Брегалница се обидоа насилнички да го фатат крстот.
Градоначалникот на Општина Делчево излезе со став дека оваа година нема да се додели подарокот од Општината. Оваа година крстот ќе остане поставен во црквата „Св.Богородица“ во Делчево. Сите верници кои ќе сакаат да се поклонат на крстот т ќе можат да го сторат тоа во црквата. Исто така, свештените лица најавија дека секогаш кога ќе има немири помеѓу натпреварувачите во реката, црквата ќе се однесува на истиот начин и нема да го доделува крстот на никого.
| < Пред | Следно > |
|---|



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
































