Петок, 23 Декември 2011 10:27
Во Сабота на 24 Декември 2011 година во организација на Здружението на граѓани Акција за млади од Делчево и Спортско рекреативниот клуб Поп од Делчево а со подршка на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, ке се одржи планинарскиот марш "Петлец 2011". Во рамки на предвидената маршута за маршот, појдовната локација е од село Русиново-Беровско , а завршната точка е на врвот Петлец на Малешевските планини кај гробот на еден од основачите на македонската револуционерна организација, великанот ДАМЈАН ГРУЕВ. Со овој марш се одбележува 105 годишнината од смртта на овој македонски херој, кој загинал на ова место во 1906-та година.
На маршот исто така учество ке земат и повеќе спортско-рекреативни клубови и здруженија на граѓани од регионот и државата
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани од Делчево и пошироко да земат учество во маршот и за нив, ке има обезбедено превоз од Делчево до село Русиново. Тргнувањето е од пред Спомен домот АСНОМ во 07.00 часот во саботата.
Богданка Анастасова
Програмски координатор
ЗГ АКЦИЈА ЗА МЛАДИ-ДЕЛЧЕВО
| < Пред | Следно > |
|---|



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























