Понеделник, 26 Декември 2011 08:19
По директна иницијатива на градоначалникот на општина Делчево, во петог 23.12.2011 година со почеток во 17.00 часот во хотел Македонија се одржа бизнис форумот именуван како "Можности и потреби на бизнис заедницата во општина Делчево за 2012 година".
На форумот присутни беа над 90-тина претставници на приватни компании од општина Делчево, од 120 поканети фирми и стопанственици.
Според предвидената агенда, беа презентирани Програмата за отуѓување на градежното неизградено земјиште во општина Делчево, како и усвоените детални урбанистички планови кои што општина Делчево ги донесе во изминатиот период и парцелите кои се на располагање за инвеститорите да можат да инвестираат.Своја презентација имаше и волонтерот Алистер Чурчвард од Мировниот корпус кој работи во општина Делчево , пренесувајки им искуство од САД за начинот на организирање и подобро функционирање на претпријатијата од мал и среден обем на работа, кои се основен двигател на економијата во САД. Исто така волонтерот ги презентираше некои од постоечките и потенцијални можности за обезбедување на финансии и техничка помош, како од македонски така и од странски фондови.
Кон крајот на форумот беше отворена широка дискусија помеѓу присутните, за што се поставуваа одре4дени прашања околу начинот на спроведување на Програмата за оттуѓување на градежното земјиште, како и други актуелни прашања.
| < Пред | Следно > |
|---|



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.































