Среда, 04 Јануари 2012 07:57
Во организација на општина Делчево, а во соработка со бизнис секторот и основните училишта и НУЦК Никола Јонков Вапцаров од Делчево на 31.12.2011 година беше организирана дневна прослава за најмладите во Делчево.
Поради временските услови прославата се одржа во салата за свечености во Спомен домот АСНОМ која беше претесна за да ги собере дечињата кои дојдоа на забавата. Точно на пладне помеѓу присутните пристигна и Дедо Мраз кој на сите присутни дечиња од најмала возраст па се до петто одделение им подари новогодишно пакетче.
На свечената новогодишна програма настапија повеќе групи и поединци, членови на различните културно-уметнички групи при Националната установа центар за култура Никола Јонков Вапцаров од Делчево.
Организацијата на оваа прослава се одржа трет пат по ред, и истата ке продолжи да се реализира во иднина, на задоволство на најмладите во Делчево.
| < Пред | Следно > |
|---|



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.





























