Сабота, 04 Февруари 2012 12:15
Со полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево, денеска (04.02.2012 година) беше одбележан јубилејот 140 години од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционерни дејци од илинденскиот период, како и патрон на нашиот град.
Пред споменикот на Гоце, во чест на неговиот лик и дело се поклонија делегација на општина Делчево предводена од Градоначалникот на општината г-дин Горан Малешевски, делегации на јавни институции, политички партии и здруженија на граѓани, како и пратениците во Парламентот на Република Македонија, искажувајки ја својата длабока почит кон целокупниот придонес на овој великан за македонскиот народ, кој претставува светол патоказ за сите граѓани на Република Македонија.
Од страна на членовите на Културно-уметничкото друштво Гоце Делчев од Делчево беше прочитан пригоден реферат за ликот и делото на Гоце Делчев.
| < Пред | Следно > |
|---|



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
































Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.