Тековни проекти
Тековни проекти 01.01.2010.Градежни работи *Изградба на дворна ограда на СОУ М.М.Брицо Делчево *Изградба на Спортска сала, партерно уредување на просторот околу спортската сала во дворот на СОУ М.М.Брицо *Набавени се и се во фаза на поставување 24 патокази по европски стандарди за одбележување на туристичките локалитети (проект во соработка со SNV Холандија). *редовно обновување и целосна замена на хоризонталната и вертикалната сигнализација по европски стандарди, поставување на семафорни лантерни на раскрсницата на улиците Булевар Македонија и Индустриска во Делчево *Замена на азбестни цевки за водоснабдување во период 2009-2013 год. *Поплочување на неизградените тротоари во градот. Како приоритет е започнат да се прави тротоарот од Спомен дом АСНОМ до детската градинка Весели Цветови Планско-организациони и развојни проектни активности 1.Проширување на ГУП за Делчево во delot na industriskata zona 2.Превземање на просторот на касарната од 35000 м2 и негово урбанизирање do dekemvrи 2010 год. 3.Изработка на ДУП за туристички локалитет на планината Голак *Во фаза е на распишување на конкурс за 60 викендици, хотел, објект од областа на социјалата и изработка на техничка документација за уредување на локација за кампување. *Промоција на туризмот во Голак *Изготвување на студија за водоснабдување-изработка на техничка документација. 4.Одбележување на сите пешачки премини во градот како и сите патишта 5. Формирање и донесување во Делчево на странска високошколска установа и отварање на факултет во 2010 год. Хортикултура и уредување на улично осветлување, Противпожарна заштита *Континуирано уредување на зелените површини во градот *Редовна интервентна смена на прегорените улични сијалици *Во фаза на разговори е општината со донатор од Англија за набавка преку донација на ново противпожарно возило. Во функција се две постојни противпожарни возила произведени 1972 год. Социјална заштита *Работно се ангажирани 64 невработени лица од Општина Делчево во соработка со Владата на Р.М. Се работи на можноста за продолжување на проектот за времено ангажирање на невработени лица за уредување на јавни површини и вршење на јавни работи, *Ставање во функција на постојната социјална зграда (во соработка со Владата на Р.Македонија). До Декември 2009 година социјалната зграда и распределбата на социјалните станови е достигната до фаза на обновување на документацијата на потенцијалните корисници на социјални станови, додека од постоечката состојба на терен привршуваат работите околу поставување на трафостаницата за снабдување со електрична енергија на постоечката социјална зграда *Развивање на социјални мрежи за добивање на топол оброк на 76 лица од Делчево во континуитет Земјоделство, шумарство и развој на туристичка инфраструктура *Планирани се низа на активности со ЛАГ и проект во соработка со граѓанските организации од Делчево за промовирање на работата по ЛИДЕР пристапот, зајакнување на капацитетите на членовите како и финансирање на приоритетите кои би произлегле од процесот на работата na LAG *Стимулирање за пошумување на голините со квалитетни видови на дрвја и создавање на заштитен зелен појас на коритото на Р.Брегалница *Уредување на природните реткости во Делчево -Добиен е проект и е во фаза на имплемантација за уредување на Локалитет Илин Камен во с. Ѕвегор со проект од ГТЗ -Уредување на 8 туристички локалитети за кој е спроведен процес и е изработен документ Залена Агенда финансиран од холандската влада. Континуирано аплицирање кај Донатори кои се инволвирани во самиот процес како воспоставување на потесна соработка со министерството за култура и другите национални институции од оваа област. *Изработка на туристичка Мапа на Делчево -Во фаза на изработка е туристичка мапа со сите локалитети и културно наследство во Општина Делчево, -Во фаза на подготовка е пропаганден материјал за Општина Делчево |
|
|
|
|



































Тековни

























