Добредојдовте !!!
Почитувани пријатели
Gradonacalnikot Goran Malesevski
На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
Читај повеќе...
Конкурси
На конкурсот за доделување на стипендии за студенти и ученици објавени се резултатите од изборот...
Читај повеќе...
 

За доделување на стипендии:

ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Читај повеќе...
 
ЗА СТУДЕНТИ
Читај повеќе...
 
Соопштенија

BAby1

 Парична помош за секое ново родено бебе

Читај повеќе...
 

ПРОЕКТ ЧЕШМИ
во
Делчево и Делчевско

НАША ИНИЦИЈАТИВА:

ПРИЈАВЕТЕ ЧЕШМИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО.

ДОНЕСЕТЕ ВО ОПШТИНАТА, ИЛИ ПРАТЕТЕ НИ ПО E-MAIL СТАРИ СЛИКИ ОД ВАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЧЕШМИ ЗАЕДНО СО ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ИСТИТЕ СО ШТО КЕ ЗЕМЕТЕ АКТИВНО УЧЕСТВО И ПРИДОНЕС КОН ОВОЈ ПРОЕКТ.
Читај повеќе...
 
Следете не на:
  
Посетеност
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес279
mod_vvisit_counterВчера315
mod_vvisit_counterОваа недела1273
mod_vvisit_counterПретходна недела2771
mod_vvisit_counterОвој месец4044
mod_vvisit_counterПретходен месец13073
mod_vvisit_counterВкупно35127

Присутни online: 8
Ваша IP: 38.107.191.119
,
Денес: Мар 11, 2010
Проекти Во најава

Во најава

Градежни работи

*редовно обновување и целосна замена на хоризонталната и вертикалната сигнализација по европски стандарди, поставување на семафорни лантерни на раскрсницата на улиците Булевар Македонија и Индустриска во Делчево

*Следни чекори на проектни активности во ова основно училиште се поставувањето на соларни колектори за добивање на топла вода за потребите на училиштето св. Климент Охридски.

*Аплициран е проект за доизградба и ставање во функција на таванските простории на училиштето за потребите на ликовните секции и адаптација на овој простор во атрактивен простор за креативно уметничко творење.

*Планирано е изградба на улици во должина од 2000 м' во руралните средини и населбите кои гравитираат кон Делчево

*Целосна замена на цемент-азбестните цевки со посебен акцент на доводната мрежа од с.Тработивиште и аплицирање на проект за пречистителна станица за водоснабдување на вода за пиење во Општината. Се подготвува апликација за програмата ОРИО во соработка со Владата на Р.М.

*Завршување на канализационата мрежа во с.Габрово и населба Ѕвегорска Река во 2010 год.

*Изградба на канализациона мрежа во с.Град и с.Вирче во 2011 год.

*Изградба на колектор за отпадни води од с.Ѕвегор до Делчево

*Две улици се ставени како приоритети за целосна реконструкција во 2010 год.и е предвидено континуирано асфалтирање на сите улици во општината по приоритетна листа која е донесена од партиципативното тело

*до истекот на 2013 год. планирана е комплетна изградба на тротоарите од двете страни на улицата Индустриска во Делчево, како и улиците М.Тито во правец на населба Стар Монопол, тротоар и пешачка патека до спортскиот центар во градот и тротоари до село Ѕвегор

*во периодот 2010-2013 год. е планирано реконструкција на неколку простории и нивно уредување за потребите на ЕЛС Делчево.

Локален економски развој 

1.Отварање на индустриска зона и изградба на комунална инфраструктура во истата

Во фаза на аплицирање на проекти за инфраструктурно уредување на две индустриски зони.Рок за реализација е 2012 год.Потоа следува поставување на канализациона и водоводна мрежа, асфалт како издавање на потребната документација за поставување на трафостаница

1.Создавање на услови за развој на мали и средни претпријатија во Општината

*Во подготовка е отварањето на Бизнис центар за потребите на бизнис секторот во соработка со Владата на Р.М. По неговото отварање потоа следуваат превземање на мерки и активности за вмрежување на сопствениците на локални претпријатија со бизнис заедниците од збратимените градови од Бугарија, Турција, Србија, Полска и Украина.

Уредување на улично осветлување, информатички развој 

*Осветлувањето во селските средини од живино ке биде заменувано со неонско и диодно.Во 2010 год. ке се направи замена на уште 90 улични светилки со нови тела со натриумови светилки и континуирано ке бидат заменувани живините светилки со натриумови

*Отварање на бесплатен интернет клуб во почетокот на 2010 год. (општината има обезбедено простор и лица за работа во интернет кафето) по што ке следува отварање на бесплатни интернет кафеа во поголемите селски средини

*Поставување на пристапни точки и бесплатни зони во градот Делчево за интернет пристап на граѓаните во 2010 год.

Социјална заштита

*Изградба на нова социјална зграда на територијата на Општина Делчево за социјално загрозени категории на граѓани и млади брачни парови

*Изградба на пристапни рампи за лица со посебни потреби. Во фаза на изготвување на проект за пристапни рампи во партнерство со општина Гоце Делчев од Р.Бугарија и Источен плански регион од повикот за меѓугранична соработка.

Комунални и Противпожарни работи

*Во соработка со Источниот плански регион канцеларија во Штип и меѓуопштинската соработка со 11 општини од регионот се планира ставање во функција на меѓуопштинско Јавно Претпријатие за третирање на отпадот.

*Активирање на доброволното противпожарно здружение во Делчево и превземање на низа како што е кампања за превенција од пожари, поплави и други елементарни непогоди. Аплицирање кај донатори и соработка со збратимените градови заради размена на искуства и аплицирање кај донатори за обезбедување на опрема. Потесна соработка со ДЗЦ и ЦУК посебно во делот на формирањето на Просторните сили за нивна поголема обученост и ажурност во случај на потреба на нивно ангажирање.

 


Ваши прашања

Prasajte go gradonacalnikot1

Преведи сајт
Macedonian Albanian English French German Italian Spanish
Четата одбор јунаци
група Пијанечки бисери од ДелчевоПесна посветена на последната Пијанечка чета кои загинале 1933 год. кај с. Драмче

Архива
Анкета
Дали Ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот?
 
Линкови