Соработка
СоработкаОстварени соработки на Општина Делчево до 01.01.2010 год.
1. Соработка со НВО секторот во Општината и регионот.
1.1. Споменати се во (досегашниот тек на текстот) сите случаи на соработка со НВО Секторот на Општина Делчево. 1.2. Донесена е стратегија за понатамошна соработка 1.3. Организирани се состаноци со претставници на граѓанските организации во Општина Делчево 1.4. Земено е активно учество (на барање на Општината) во креирањето во годишната програма на Општина Делчево од страна на голем број здруженија на граѓани. 1.5. Во рамките на проектот за Дообразование на ромите Општина Делчево партиципираше со износ од 5000 evra 2. Меѓународната соработка на Општина Делчево во функција на развој и напредок2.1. Воспоставена е соработка со градот Измир -Р.Турција и четири општини . Градоначалниците лично на овие четири општини го посетија Делчево во септември 2009 год. Градоначалникот на Општина Делчево со осум членови во својата делегација составена од локални бизнисмени ги посети истите општини како и турско-македонската стопанска комора возвраќајки ја посетата и воспоставувајки соработка на највисоко ниво 2.2. Делчево го посети делегација од Бандирма Р.Турција за соработка од областа на образованието. 2.3. Воспоставена е соработка со Општина Рача -Р.Србија. Градоначалникот на Општина Делчево ја посети Општина Рача со стопанска делегација од Делчево.Реализирана е и возвратна посета од страна на Општина Рача во Делчево. Договорена е соработка во областа на образованието, Стопанските субјекти и заеднички настап пред ЕУ фондовите. 2.4. Соработка за искористување на европските фондови во соработка со Благоевград Р.Бугарија (во рамките на оваа соработка се изработени 2 проекти и истите се аплицирани) 2.5. Воспоставена е соработка со Општина Невестино Р.Бугарија 3. Соработка со граѓаните3.1. Соработка на ЕЛС Општина Делчево со граѓаните во форма на размена на мислења како и доставување на предлози и идеи на граѓаните во рамките на целиот мандат на Градоначалникот и нивно благовремено и соодветно реализирање во рамките на можностите на Општина Делчево. 4. Соработка со Влада на Р.М. Во рамките на соработката на Општина Делчево со Владата на Р.М. покрај споменатите проекти реализирани, тековни и идни, беа остварени и сл. соработки:
|
|
|




































Соработка

























