Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржаа завршните презантации на проектните резултати на CBC проектот WUTER MUGOVLA

Печати PDF

Biodiverzitet 1

Во четврток и петок 09-10.08.2012 година во Делчево и Благоевград се одржаа завршните презентации на проектот од областа на трансграничната соработка на овие две општини. Во рамки на дводневните активности од двете страни на границата беа промовирани следните  изданија:

  • "Студија за разумно искористување на еко ресурсите на планините Голак и Влаина", 
  • "База на податоци на собирачи, откупувачи и надлежни институции"-печатено издание
  • "База на податоци на собирачи, откупувачи и надлежни институции"-ЦД издание
  • "Прирачник за собирачи на лековити билки и шумски плодови"
  • "Мапа на лековити билки и шумски плодови"

Biodiverzitet 2 Biodiverzitet 3

Сите овие изданија се со двојазичен карактер со исклучок на студијата која покрај македонската и бугарската верзија ја има и во англиска верзија.

Исто така во рамки на проектните активности беа поставени и информативни табли долж патеките на билките на двете планини Голак и Влаина и истите беа посетени од учесниците на дводневните настани.

Biodiverzitet 4 Biodiverzitet 5

Реализацијата на овој проект е со особено значење за развојот на семејните бизниси за самите собирачи на овие лековити билки и плодови, но и за самите бизнис оператори кои вршат откуп, преработка и дистрибуција на ваквиот вид на производи.

Вкупната сума за оперирање според проектната документација изнесуваше вкупно 74 илјади евра од кои 85 % припаѓаат на финансирање од ИПА  фондовите, додека 15 % на Националното јавно учество од РМ.

Biodiverzitet 6 Biodiverzitet 7

Како што беше кажано во заклучоците на јавните презентации, успешната реализација на овој проект и соработката помеѓу општината Делчево од македонска страна и општината Благоевград од бугарска страна претставува сериозна придобивка за остварување на потенцијална идна успешна соработка на проекти од прекуграничен карактер на Република Македонија и Република Бугарија.

Biodiverzitet 8

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2016
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7037
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65223
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320749

Присутни online: 43
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020