Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Честитка до сите верници од Исламска вероисповест од Претседателот на Советот на општина Делчево

Печати PDF

Претседателот на Советот на општина Делчево Николче Трајановски од свое лично име на сите припадници од Исламска вероисповест им го честита големиот верски празник Рамазан Бајрам, со желби за здравје, среќа и благосостојба на нив и нивните блиски.

Исламската верска заедница игра особено важна улога во севкупниот општествен живот во општина Делчево и во Република Македонија. Соработката на општина Делчево и сите локални институции со сите граѓани во изминатиот период е еден од најважните фактори за работата на општинската администрација. Отвореноста на Советот на општина Делчево, кон секаква комуникација од интерес на сите граѓани на Делчево е еден од основните принципи за постоењето на Советот како таков. Оттука  и покрај досегашното високо ниво на соработка и комуникација ги охрабруваме сите граѓани, да ги интензивираат целокупните свои ресурси во насока на безрезервна комуникација и изнесување на сопствените предлози, мислења и идеи за подобрување на работата на сите локални институции, од интерес на сите.

Во таа насока граѓаните од Исламска вероисповест , заедно со сите други граѓани, да го подобрат досега етаблираниот систем за соработка со институциите и самите граѓани, вредност која високо котира во тековната работа на општина Делчево.

Упатувајки ги своите искрени честитки за меѓусебна верска толеранција и разбирање Претседателот на Советот Трајановки го изразува своето лично убедување дека само со промовирање, негување и унапредување на основните човечки вредности, може да се достигне обединување, за напредок и просперитет на сите граѓани на општина Делчево.

Богатството на духот и верата е она што не прави посебни и обединети истовремено како човештво.

Вербата кон Господ Бог нека е со сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2201
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7222
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65408
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320934

Присутни online: 30
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020