Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Распишан награден конкурс за најдобра творба на тема "Песна за Делчево"

Печати PDF

Јавната локална библиотека Илинден од Делчево по повод одбележувањето на јубилејот "100 години од прогласувањето на тогашното Царево село (денес Делчево) за градска управа" и во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град" како и свеченостите за одбележување на 7-ми Септември "Ден на ослободување на Делчево" и 8-ми Септември "Дан на независноста на Република Македонија", распишува награден конкурс за најдобра литературна творба-поезија на тема "Песна за Делчево".

Конкурсот ке трае од петок 24.08.2012 до понеделник 03.09.2012 година. Доставувањето на литературните творби во еден примерок се врши на адреса на библиотеката во Делчево во затворен коверт под шифра. Докажување на авторската сопственост се врши со втор идентичен примерок кој ке биде доставен по избор на наградените од страна на комисија формирана за таа цел.

Сите потребни информации во врска со конкурсот може да се добијат во просториите во Библиотеката.

Наградените литературни творби ке имаат чест да бидат прочитани на свечената Седница на Советот на општина Делчево која ке се одржи на 7-ми Септември, а за наградените учесници во конкурсот ке бидат доделени парични награди.

Покровител на овој награден конкурс е градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2237
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2237
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57341
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312867

Присутни online: 44
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020