Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Делчево ќе татни во чест на јубилејот 100 години од прогласувањето на градска управа на тогашното Царево село

Печати PDF

PlakatVoDelcevopodzvezdite

Во чест на јубилејот "100 години од прогласувањето на градска управа на тогашното Царево село", денес Делчево, по повод 7-ми Септември -"Денот на ослободувањето на градот" и 8-ми Септември -"Денот на независноста на Република Македонија" а во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град", во сабота, осми септември 2012 година со почеток во 20.00 часот на летната сцена пред спомен домот АСНОМ во Делчево ке се одржи голем рок концерт на повеќе музички имиња и ѕвезди од македонската рок сцена.

Во рамки на програмата предвиден е настап на:

  • Верка (рок состав од Делчево)

  • Стил Темпл (Steel Temple -рок состав од Скопје)

  • Македон (Progresive рок состав)
  • Разор ( Cover бенд на познатите Disturbed)
  • N.T. (Никола Тренчевски во придружба на својот бенд),


  • Марија Атанасовска (Вокална солистка)


Овој концерт се реализира под името "Во Делчево под ѕвездите" а е продолжение на минатогодишниот концерт кој се одржа во месец мај под истото име, а во рамки на глобалната програмска агенда за одбележување на овие датуми и јубилеи.

Сретствата за реализација на овој настан се обезбедени од Буџетот на општина Делчево, како и други спонзори.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес912
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6592
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45473
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3300999

Присутни online: 44
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020