Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

100 настани за 100 години градска управа на Делчево

Печати PDF

Завршени се сите подготовки околу реализацијата на завршниот дел на манифестацијата "100 настани за 100 години град". Оваа манифестација беше иницирана и најавена од страна на градоначалникот на општина Делчево на свечената седница на Советот на општина Делчево на 7-ми Септември во 2010 година. Од тогаш до денес се реализирани предвидените 95 културни настани и манифестации во чест на овој јубилеј како и над 200 други помали културни настани, активности и случувања, сите реализирани во рамки на програмата за работа на Градоначалникот Малешевски.

Општина Делчево прославува 100 години од прогласувањето на градска управа на тогашното Царево село, на кое со акт во 1912 година од  тогаш српскиот владетел му бил даден статус на градска управа, кој во текот на наредниот век ке биде надградуван и осовременуван, за конечно да го добие поредокот кој го има денес, како современа и развиена општинска самоуправа на граѓаните кои живеат во Делчево.

По повод овој голем јубилеј, како и во чест на 7-ми Септември "Денот на ослободувањето на Делчево" и 8-ми Септември "Денот на независноста на Република Македонија" градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, општинската администрација, Одборот кој што беше формиран со посебна одлука за одбележувањето на овој јубилеј, подготвија три-дневна глобална програма за достојно одбележување на истиот.

Програмата на целата манифестација е дадена во продолжение:

07.09.2012(петок)-Ден на ослободување на Делчево

ТЕРМИН

НАСТАН

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ

14:00-15:30

Меѓународен турнир во кошарка, Делчево 2012

 Рилски спортист(Бугарија)-Црвена звезда(Србија)

Спортска сала СОУ „М.М.Брицо“, Делчево

14:30-15:30

Прием во кабинетот на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски

Зграда на Општина Делчево

15:30-16:00

Полагање на свежо цвеќе

-          Читање на реферат

Споменик на паднатите борци од НОБ

16:00-16:30

Полагање на свежо цвеќе

-          Читање на реферат

Споменик на Гоце Делчев

16:30-17:00

Свечено отварање на Парк Гоце Делчев

-          Поздравен говор на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски

-          Настап на група на староградска музика „Делчевски еснафи“ и женска пеачка група „Ѓурѓа“

Пред споменикот на Гоце Делчев

17:00-18:15

Свечена седница на Советот на општина Делчево

-          Интонирање на химна на Република Македонија, Марија Атанасовска

-          Обраќање на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски

-          Обраќање на Претседателот на Советот г-дин Николче  Трајановски

-          Доделување на награди и признанија на поединци и правни лица за значајни остварувања и постигнувања

-          Доделување на награди од објавениот литературен конкурс на тема „Песна за Делчево“

-          Доделување на награди од објавениот конкурс за избор на најдобра фотографија со мотив од современо  Делчево

-          Културно-уметничка програма

  • Настап на хор од ООУ „Ванчо Прке“,
  • Настап на хор од ООУ „Св.Климент Охридски“
  •  Настап на хор од СОУ „М.М.Брицо“

Голема сала во Спомен дом АСНОМ

18:15-19:15

Отварање на Интернационална вечер на хумор и сатира Делчево 2012

  • Претставување на девет автори од Р.Македонија, Р.Србија и Р.Бугарија
  • Промоција на збирка афоризми АФОТЕКА, издание на Артиа Куа, Белград
  • Промоција на Антологија на балкански афоризми во издание на МАКФОРМ, Скопје

Голема сала во Спомен дом АСНОМ

19:15-20:00

-          Отварање на Изложба на фотографии пристигнати на конкурсот за избор на најдобра фотографија со мотив од  современо  Делчево

-          Свечен коктел

Фоаје во Спомен дом АСНОМ

20:00-21:15

Концерт на Ансамбл за народни песни и игри на Македонија „ТАНЕЦ“

Летна сцена пред Спомен дом АСНОМ

08.09.2012 (сабота)- Ден на независноста на Република Македонија

33 Интернационален рели крос со теренски возила Делчево 2012

Новоградски пазар во Делчево покрај река Брегалница

10:00-10:30

Слободен тренинг

10:30-11:00

Официјален тренинг

11:50-12:00

Свечено отварање на натпреварот

16:30-17:00

Официјални резултати од натпреварувањето

20:30-21:00

Свечено прогласување на победниците

Хотел „Македонија“, Делчево

18:00-19:30

Меѓународен турнир во кошарка Делчево 2012

КК „Клубски“(Македонија)-Црвена звезда(Србија)

Спортска сала СОУ „М.М.Брицо“, Делчево

20:00

Рок концерт Во Делчево под звездите

-          Верка (рок состав од Делчево)

-          Стил Темпл (Steel Temple -рок состав од Скопје)

-          Македон (Progresive рок состав)

-          Разор ( Cover бенд на познатите Disturbed)

-          N.T. (Никола Тренчевски во придружба на својот бенд),

-           Марија Атанасовска (Вокална солистка)

Летна сцена пред Спомен дом АСНОМ

09.09.2012(недела)

13:00

Турнир во пинг-понг во организација на Совет на општина Делчево

Спортска сала СОУ „М.М.Брицо“, Делчево

 Сретствата за реализација на овие настани и активности се обезбедени од Буџетот на општина Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес911
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6591
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45472
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3300998

Присутни online: 45
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020