Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна изградбата на мост на река Брегалница во село Разловци

Печати PDF

IMG 9393_resize

Деновиве започнаа градежните работи околу изградбата на мост на река Брегалница во село Разловци. 

Станува збор за изградба на армиранобетонски мост на три полиња со распон 8.60X8.60X9.30 метри, за чие совладување ке бидат користени армирано-бетонски префабрикувани носачи, поставено на армирано-бетонски средни столбови со кружен попречен пресек, фундирани на веќе изведени бетонски фундаменти со скалеста форма во две кампади.

IMG 9380_resize IMG 9394_resize

Претходно на оваа локација имаше мост кој беше изграден од дрво, меѓутоа во изминатата деценија овој мост беше забранет за користење, поради дотраеноста на дрвената граѓа од носивата конструкција. Во текот на оваа измината цела деценија (во која овој мост не можеше да се користи), како горлив проблем се појави секојдневната потреба на жителите од ова село за преминување на реката Брегалница токму во овој дел, која беше речиси невозможна во услови на излевања на реката Брегалница.

Токму од тие причини како врвен приоритет кој беше инициран цела деценија наназад, од страна на жителите на селото беше изградбата на овој мост, чијашто реализација на огромно воодушевување на сите жители од ова село, започна во изминатиот период. Изградбата на мостот  во село Разловци беше дефинирана во рамки на програмата за работа на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, со што ветувањето давано од најразлични државни, партиски и политички функционери во минатото, конечно се реализира од актуелната локална власт во Делчево.

IMG 9410_resize

Изведувач на градежните работи е ЈПКД Брегалница од Делчево, а инвеститор е општина Делчево со сретства од буџетот на општината, како и јавното претпријатие со свое сопствено учество.

Изградбата на мостот е предвидено да заврши до крајот на оваа 2012 година.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2302
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7323
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65509
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321035

Присутни online: 37
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020